Планински предел со виножито (1809-10) () — маслоена слика од германскиот романтичар Каспар Давид Фридрих. Како и Кркониошкиот предел (1810), оваа слика е инспирирана од патувањата на Фридрих од 1809 година низ Германија и покрај бреговите на Балтичкото Море.P. F. R. Carrassat, Maestros de la pintura, Spes Editorial, S.L., 2005, p. 180. Набљудувањето на природата во неговите патувања му овозможило на Фридрих да состави предел кој е повеќе визионерски отколку буквален.

Во преден план еден патник застанал да се одмори. Погледот го врти во позадина, каде што се отвора црна бездна. Во тие длабочини може да се видат неколку планини. Над пејзажот, виножито се создава на слабата светлина.Barbara Eschenburg and Ingeborg Güssow, "El Romanticismo y el Realismo" in Los maestros de la pintura occidental, Taschen, 2005, p. 447,

Во опусот на Фридрих, вообичаени се сликите со остар контраст меѓу предниот план и позадината, одвојување што ги симболизира духовните и физичките рамнини на постоењето. Така е и во оваа слика: во преден план сонцето ги осветлува зеленилото и облеката на патникот, а наспроти тоа ноќната темнина го исполнува остатокот од сликата. Спротивностите на денот и ноќта, на духот и материјата, се обединети со виножито, кое во извештајот од Битие за Ноевата арка го симболизира заветот помеѓу Бога и човештвото.

Наводи

Категорија:Уметнички слики од 1810 година Категорија:Слики од Каспар Давид Фридрих