Фреди Меркјури (); родено име: Фарух Булсара; ); 5 септември 1946 - 24 ноември 1991) — британски музичар и рок-ѕвезда, најмногу познат како водечки вокал и текстописец на рок групата Квин. Како изведувач, беше познат по својата екстравагантна сценска личност и моќен вокал со опсег од над четири октави. Како текстописец, Меркјури компонираше многу хитови за Квин, вклучувајќи ги : „Боемска рапсодија“, „Килер Квин“ , „Самбади ту Лав“ , „Донт Стоп ми Нау“, „Крејзи Литл Тинг Колд Лав“ и „Ви ар д Чемпионс“. Освен неговата работа со Квин, имаше и соло кариера, правејќи хитови како „Барселона“, „Ај вас Борн ту Лав Ју“ и „Ливинг он мај Оун“. Меркјури повремено работеше како продуцент и гостин музичар (пијано или вокали) за други изведувачи. Тој умре од бронхо – пневмонија предизвикана од СИДА на 24 ноември 1991 година, само еден ден откако јавно призна дека е заболен.

Меркјури е роден во Занзибар и таму израснал, исто така како тинејџер живеел во Индија, го нарекоа „првата азиска рок ѕвезда во Британија“.Во 2006 година, Тајм Азиа го именуваше како еден од највлијателните азиски херои во изминатите 60 години, а и понатаму добива најмногу гласови за најдобар пејач во историјата на популарната музика. Во 2005 година, на анкета организирана од Блендер и Ем-Ти-Ви 2, Меркјури беше најдобар машки пејач на сите времиња. Во 2009 година, на анкета на Класик Рок, беше најдобар рок пејач на сите времиња. Во 2008 година, уредниците на Ролинг Стоун го рангираа на 18-тото место на нивниот список на 100 најдобри пејачи на сите времиња. Олмјузик го окарактеризира Меркјури како „еден од најдобрите рок забавувачи на сите времиња“, кој поседуваше „еден од најдобрите вокали во целата музика“.

Ран живот Меркјури е роден во британскиот протекторат Занзибар, Источна Африка (сега дел од Танзанија). Неговите родители, Боми и Џер Булсара, беа Парси од регионот Гуџарат од тогашната провинција на Бомбајското Претседателство во Британска Индија. Презимето на семејството е изведено од градот Булсар (исто така познат како Валсад) во јужен Гужарат. Како Парсијци Меркјури и неговото семејство ја практикуваа Зороастриската религијa. Семејството Булсара се пресели во Занзибар со цел неговиот татко да ја продолжи својата работа како благајник во Британското Колонијално Биро. Има помала сестра, Кашмира.

thumb|upright|Куќата во Занзибар каде што Меркјури живееше во раното детство

Меркјури голем дел од своето детство помина во Индија и започна да оди на часови по пијано на возраст од 7 години.Queen Online – History: Freddie Mercury, Archived on 8 August 2010. Во 1954 година, кога имаше 8 години, Меркјури беше пратен да учи во училиштето Сент Питер, училиште во англиски стил за момчиња во Панчгани близу Бомбај.. На 12 години, основаше училишна група наречена Хектикс, и свиреа песни од Клиф Ричард и Литл Ричард Еден пријател од тоа време се присеќава дека Фреди имал „несекојдневна способност да слуша радио и да го повтори на пијано тоа што го слушнал“. Исто така во тоа училиште започна себеси да се нарекува „Фреди“. Меркјури остана во Индија, живеејќи со својата баба и тетка додека не заврши со образованието во училиштето Сент Мери, Бомбај.

На 17 годишна возраст, Меркјури и неговото семејство го напуштија Занзибар заради безбедносни причини поради Занзибарската револуција во 1964 година. Семејството се пресели во мала куќа во Фелтам, Мидлсекс, Англија. Меркјури се запиша Ајлворт Политекник (сега Вест Темз Колеџ) во Западен Лондон каде што студираше уметност. Конечно доби Диплома за Уметност и графички Дизајн на Илинг Арт Колеџот, подоцна употребувајќи ги овие вештини за дизајнирање на грбот на Квин. Меркјури остана британски граѓанин до крајот на својот живот.

По дипломирањето, Меркјури се приклучуваше кон повеќе бендови и продаваше облека на старо во Маркетот Кенсингтон во Лондон. Исто така имаше работа и на аеродромот Хитроу. Пријателите велат дека во тоа време Фреди бил тивок и срамежлив млад човек кој покажувал огромен интерес за музика. Во 1969 година се придружи на групата Ibex, подоцна преименувана во Wreckage. Кога оваа група не успеа да се пробие, премина во друг бенд со име Sour Milk Sea. Сепак, на почетокот на 70-тите години оваа група исто така се распадна.

Во април 1970 година, Меркјури им се придружи на гитаристот Брајан Меј и тапанарот Роџер Тејлор кои претходно беа во групата Смајл. И покрај оградувањето од страна на другите членови, Меркјури го одбра името „Квин“ за новата група. Подоцна за името на бендот тој рече: „Бев свесен за геј конотацијата, но тоа беше само еден аспект од целото“. Речиси во исто време, тој го промени своето презиме Булсара во Меркјури.

Кариера Пејач thumb|left|180px|Фреди Меркјури во 1978 година

thumb|right|100px|опсегот на глас на Фреди Меркјури Иако гласот на Фреди Меркјури кога зборува природно беше баритон, повеќето песни ги испеа во тенор. Неговиот вокален опсег се протегаше од бас ниско Еф (Еф 2) до колоратура фалсето Еф натурал (Еф 6). Неговите гласни жици произведувајќи тенор високо Еф (Еф 5). Биографот Дејвид Брет го опиша неговиот глас како „да се искачува од длабок, ‘ржечки, до нежен, динамичен тенор, потоа на високи гласови, совршена колоратура, кристално чист во високите гласови“.. Шпанскиот сопран Монсерат Кабаље, со која Меркјури сними албум, го изрази своето мислење дека „разликата помеѓу Фреди и речиси сите остнати рок ѕвезди е тоа што тој го продава гласот“. Како што напредуваше кариерата на Квин, тој сè повеќе ги зголемуваше високите ноти кога настапуваа во живо, често хармонизирајќи со половини, третини или петтини ноти. За Меркјури велеа дека ги има „најрапавите воклани модули“ и дека никогаш немал формално гласовно тренирање.

Текстописец Меркјури напиша 10 од 17 песни од албумот Најдобрите Хитови, на Квин : „Bohemian Rhapsody“, „Seven Seas of Rhyeј“, „Killer Queen“, „Somebody to Love“, „Good Old-Fashioned Lover Boy“, „We Are the Champions“, „Bicycle Race“, „Don't Stop Me Now“, „Crazy Little Thing Called Love“ и „Play the Game“. Во 2003 година, Меркјури постхумно бил примен во Куќата на славата на текстописците со другите членови на Queen, а во 2005 година сите четири члена од групата ја добиле наградата Ајвор Новело за извонредна колекција на песни од Британската академија на текстописци, композитори и автори.

Највпечатливиот аспект од неговото пишување го вклучуваше широкиот опсег на жанрови кои ги користеше, во кои беа помеѓу другите, рокабили, прогресивен рок, хеви метал, госпел и диско. Како што објасни во едно интервју во 1986 година: „Мразам да правам едно исто нешто постојано. Сакам да видам што се случува во моментот во музиката, филмот и театарот и да ги составам сите тие работи“. Во споредба со многу други текстописци, Меркјуру исто така тежнееше кон пишување на музички сложен материјал. На пример „Bohemian Rhapsody“ е ациклична во структурата и содржи десетина акорди. Тој исто така напиша шест песни од албумот Квин 2 каде што има повеќекратни клучни промени и сложен материјал. „Crazy Little Thing Called Love“, од друга страна, има само неколку акорди. Покрај фактот што Меркјури често пишуваше многу заплеткани хармонии, тој исто така тврдеше дека едвај може да ја чита музиката. Ги напиша повеќето од своите песни на пијано и користеше разновидни белези. upright|140px|thumb|Меркјури, во живо во 1979 година

Изведувач во живо Меркјури беше забележителен по своите настапи во живо, кои често беа одржувани пред публика на стадиони низ целиот свет. Покажуваше висок театарски стил кој често предизвикуваше големо учество на публиката. Новинар од The Spectator го опиша како „изведувач кој ја задева, шокира и крајно ја шармира својата публика со разни екстравагантни верзии на себеси“. Дејвид Боуви, кој настапи на концертот во чест на Фреди Меркјури и ја снимаше песната „ Under Pressure“ со Квин, го пофали стилот на изведба на Меркјури, велејќи: „Од сите сценски рок изведувачи, Фреди отиде подалеку од останатите... отиде преку границата. И се разбира, секогаш ценев маж кој носи трико. Само еднаш го гледав на концерт и како што велат, тој дефинитивно беше човек кој можеше да ја држи публиката во својата дланка“.

Еден од најзабележителните настапи на Меркјури со Квин се случи на Лајв Еид во 1985 година, и за тоа време целата публика од 72 000 луѓе аплаудираа, пееја и играа во такт. Настапот на Квин подоцна беше изгласан како најдобрата изведба во живо во историјата на рок-музиката, од страна на музички експерти. Резултатите беа емитувани на телевизиска програма наречена „Најдобрите свирки на светот“. На повторното одржување на Лајв Еид во 2005 година, еден критичар напиша: „Оние кои ги составуваат листите на Најголеми Рок Фронтмени и ги даваат највисоките места на Мик Џегер, Роберт Плант итн, се виновни за страшен пропуст. Фреди, како што може да се види на неговиот божествен настап на Лајв Еид, есноставно беше најбожествен од сите други“. За време на својата кариера, Меркјури настапи на околу 700 концерти низ целиот свет заедно со Квин. Типично за концертите на Квин беше масовноста. Еднаш тој објасни: „Ние сме Сесил Б. ДеМил на рокенролот, секогаш обидувајќи се да направиме нешто поголемо и подобро“. Квин беше првата група која свиреше на стадионите во Јужна Америка, рушејќи ги светските рекорди за посетеност на Морумби Стадионот во Саун Пауло во 1981 година.. Во 1986 година, Квин исто така настапија зад Железната Завеса кој свиреа пред 80 000 луѓе во Будимпешта, што претставуваше еден од најголемите рок концерти одржани во Источна Европа. Последниот настап во живо на Меркјури со Квин беше на 9 август 1986 година во Небворт Парк во Англија и собра публика приближно од 200 илјади луѓе.

Инструменталист thumb|right|180px|Фреди Меркјури свири на гитара за време на концерт со Квин во Франкфурт, Германија, во 1984 година.

Како младо момче во Индија, Меркјури доби формална обука за пијано,на 9 годишна возраст. Подоцна, додека живееше во Лондон, учеше да свири на гитара. Поголем дел од музиката што му се допаѓаше вклучуваше гитара. Негови омилени изведувачи во тоа време беа:Who, Битлси, Џими Хендрикс, Дејвид Боуви и Лед Цепелин. Често се самоомаловажуваше за своите вештини на двата инструменти,а од почетокот на 80-тите години и потоа масовно започна да повикува гости клавијатуристи за настапите со Квин и за својата соло кариера. Најзначајно, го назначи фред Мандел (канадски музичар кој исто така работеше со Пинк Флојд, Елтон Џон и Supertramp) за својот прв соло проект, а по 1985 година соработуваше со Мајк Моран (во студио) и Спајк Едни (на концерти), препуштајќи им ги деловите со синтисајзер само на нив.

Меркјури свиреше на пијано на многу од најпознатите песни на Квин, вклучувајќи ги: „Killer Queen“, „Bohemian Rhapsody“, „Good Old-fashioned Lover Boy“, „We Are the Champions“, „Somebody to Love“ и „Don't Stop Me Now“. Тој користеше концертно големо пијано, а повремено други слични инструменти како чембало. Од 1980 година, исто така често користеше синтисајзери во студиото. Гитаристот на Квин, Брајан Меј вели дека Меркјури не бил импресиониран од своите можности на пијано и користел инструменти се помалку со текот на времето, бидејќи сакал да шета на сцената и да ја забавува публиката. Иако тој напиша многу акорди за гитара, Меркјури поседуваше само елементарни познавања на инструментот. Песните како „Ogre Battle“ и „Crazy Little Thing Called Love“ беа компонирани на гитара, каде што на втората фреди свири на ритам-гитара како на сцена така и во студио.

Соло кариера