Неофит Бозвели (), познат и како Неофит Хиландарец (о. 1785 – 4 јуни 1848) бил бугарски свештеник и просветител и еден од водачите на бугарската црковна борба.
Ран живот и образование Бил роден во градот Котел. Образованието го завршил во родниот град. Бил монах во манастирот Хиландар на Света Гора околу 1803-1805. Кон 1813-1814 се населил во Свиштов, каде што работел како поп и учител.
Просветна дејност Во 1835 година во Крагуевац, Кнежевство Србија ја печати својата книга Словеноболгарское детеводство. Во оваа книга, Бозвели зборува за световно образование, за учење на народен јазик и формирање на јавни училишта.
Околу 1834-1835, Бозвели живеел во Кнежевството Србија со цел да го отпечати својот учебник. Таму се запознал со идеите на претходните српски просветители како Доситеј Обрадовиќ и Захарије Орфелин. По враќањето во Бугарија, активно се залагал за идејата за независна Бугарска православна црква.
Борба за црковна независност Се преселил во Цариград во 1839 да ја предводи борбата на бугарските трговци и занаетчии против доминантно грчката Вселенска патријаршија. Изградбата на бугарската црква во Цариград и основањето на бугарска општина започнале по негова иницијатива.
Но, неговите патриотски дејствија биле сфатени како опасни од Патријаршијата и бил прогонет на Света Гора во 1841 од каде избегал во 1844, и ја продолжил борбата заедно со неговиот помлад поддржувач Иларион Макариополски. Во 1845, тие добиле права да ги претставуваат Бугарите од Цариград пред османлиските власти и патријаршијата. Истата година, тие испратиле две молби до властите во кои ги објасниле барањата за бугарска црква. Ова предизвикало силен протест од Патријаршијата и двајцата биле протерани на Света Гора, каде Бозвели ги поминал последните години во манастирот Хилендар. Црковната борба ја продолжил Макариополски и успешно ја завршил со формирањето на Бугарската егзархија на 28 февруари 1870 со ферман на султанот Абдул Азис.
Дела мини|312x312пкс|Насловна страница од првиот дел на „Славеноболгарское детоводство за малките деца“, шестделен учебник составен и објавен од архимандрит Неофит Хиландарец. Испечатен во Крагуевац во 1835 година во Кнежевско-српската печатница, со одобрение и финансиска поддршка на кнезот Милош Обреновиќ. Славеноболгарское детеводство за малките деца (6 дела, 1835, Крагуевац, Књажеско-српска типографија), во соработка со Емануил Васкидович. Краткая священная история и священный катихизис (1835, Белград, Књажеска типографија). Краткое политическое землеописание за обучение на болгарското младенчество (1835, Белград, Књажеска типографија). Просвещенный европеец, Полумершая Мати Болгария и син Болгарии (напишано околу 1811; објавено постхумно). Разговор на любородните (објавено постхумно). Мати Болгария (дијалог, напишан околу 1844–1848; првично објавен постхумно во Периодическо списание).
Белешки
Наводи
Категорија:Бугарски писатели Категорија:Родени во 1785 година Категорија:Починати во 1848 година