Фабио Мирети (роден на година, во Пинероло) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Бешикташ на заем од Јувентус.
Биографија Фабио е роден во Пинероло, но по потекло е од Салуцо. Тој е второто дете на неговите родители Ливио и Силвија, и има постара сестра која се вика Алесија, која се занимава со адвокатура во Салуцо. Неговата моментална девојка е Индија Симони. Во 2022 година, ја добил својата диплома за средно образование откако завршил на World International School во Виново.
Мирети е симпатизер на Јувентус уште од неговото детство. Негов идол е поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Павел Недвед, а како референтна точка за развојот на својата кариера го зема Кевин Де Бројне поради улогата и одликите.
Технички карактeристики Својата кариера ја започнал играјќи како централен играч од средниот ред, полека станувајќи офанзивен играч од средниот ред поради неговата способност да постигнува голови. За време на неговите последни години во младинските селекции на Јувентус, тој најчесто играл како мецала, и се истакнал како одличен изведувач на пенали. Меѓу неговите главни квалитети се дриблингот, додавањата, склоноста да шутира кон голот и втрчувањата во шеснаесетникот кој му овозможуваат често да ја погоди противничката мрежа, или да даде асистенција за соиграчите.
Клупска кариера Почетоци Мирети започнал да игра фудбал во младинскиот сектор на Ауксилиум Салуцо на четиригодишна возраст. Една година подоцна, тој пристигнал во младинскиот тим на Кунео, каде што играл со соиграчи кои биле една година повозрасни од него.
Јувентус Младински категории и Јувентус У23
Во 2011 година, Мирети бил на проби во двата најсилни клуба во областа Пиемонт - и , за да одлучи да се приклучи на младинскиот сектор на втората екипа. Играјќи како офанзивен играч за врска, Мирети постигнал 15 гола во 17 настапи за екипата под 17 години во сезоната 2019-2020, пред суспензијата на првенствата поради пандемијата на КОВИД-19. Во следната сезона, тој почнал сè почесто да биде повикуван во , вториот тим на Јувентус кој се натпреварувал во Серија Ц, а на 13 февруари 2021 го имал своето деби меѓу професионалците во победата со 3-0 на гостувањето против Албинолефе. Сезоната ја завршил со четири првенствени настапи.
Пред почетокот на сезоната 2021-2022, Мирети бил повикан од тренерот на првиот тим на Јувентус, Масимилијано Алегри, за летните подготовки за новата сезона. Во исто време, тој бил промовиран на трајна основа во тимот под 23 години од страна на тренерот Ламберто Ѕаули, и за него тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, на 22 август, во победата против Про Сесто во Купот на Италија Серија Ц, трансформирајќи го пеналот во решавачкиот погодок за победата со 3-2 во 108-мата минута од продолженијата. Шест дена подоцна го пронашол својот прв погодок во Серија Ц, во победата со 2-1 над Перголетезе. На 14 септември, тој ја носел капитенската лента на тимот под 23 години за првпат во натпреварот од купот против ФералпиСало добиен со 3-2. Во текот на сезоната, покрај тоа, тој повремено се додава во тимот на Андреа Бонати до 19 години за да игра во Младинската лига на УЕФА: во континенталното младинско натпреварување тој постигнал два гола во пет натпревари, давајќи придонес за тимот да стигне до полуфиналето, најдобриот пласман на Јувентус досега во ова натпреварување.
Прв тим Откако претходно веќе добил неколку повици, на 8 декември 2021 година, на 18-годишна возраст, Мирети дебитирал за првиот тим на Јувентус а во исто време и во Лигата на шампионите, во победата со 1-0 на домашен терен против Малме, појавувајќи се како замена на местото на Родриго Бентанкур во 89-тата минута. На 20 март 2022 година, тој исто така дебитирал во Серија А, повторно влегувајќи во игра од клупата во победата со 2-0 на домашен терен над . На 1 мај дебитирал како стартер за Јувентус, во натпреварот на домашен натпревар против , кој бјанконерите го добиле со 2-1. Ја завршил сезоната со 6 настапи во Серија А.
Во летото 2022 година е промовиран во редовен играч на првиот тим, земајќи го дресот со број 20, и пронашол добар континуитет на настапи на почетокот на сезоната. На 31 август, Мирети асистирал за вториот гол на својот тим кој го постигнал Аркадиуш Милик во победата со 2-0 над . На 6 септември играл за првпат во кариерата како стартер во некое европско натпреварување, започнувајќи во поразот со 2-1 од на Паркот на принцовите во Лигата на шампионите: на тој станал вториот најмлад играч на Јувентус, по Стефано Пјоли, кој дебитирал од првата минута во најсилното европско клупско натпреварување.
На 5 ноември 2023 година, Мирети го постигнал својот прв гол во Серија А и во црно-белиот дрес, постигнувајќи го единствениот погодок во успехот со 1-0 на гостувањето кај ; потоа на 4 јануари 2024 година, тој исто така го постигнал својот прв гол во Купот на Италија, во победата со 6-1 над во осминафиналето.
Заемот во Џенова На 25 август 2024 година, тој бил позајмен на до крајот на сезоната 2024-2025.
Репрезентативна кариера Мирети ја претставувал Италија во селекциите под 15, под 16, под 17 и под 19 години.
Статистика Статистиката е ажурирана на 6 септември 2022. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2020-2021 Ц 4+0Во плејофот. 0 - - - - - - - - - 4 02021-2022 Ц 26+0 3+0 КИ-Ц 3 1 - - - - - - 29 4Вкупно Јувентус У23 30 3 3 1 - - - - 33 42021-2022 А 6 0 КИ 0 0 ЛШ 1 0 СИ 0 0 7 0 2022-2023 А 5 0 КИ 0 0 ЛШ 1 0 - - - 6 0Вкупно Јувентус 11 0 0 0 2 0 0 0 13 0Вкупно во кариерата 41 3 3 1 2 0 - - 46 4
Титули Јувентус Куп на Италија : 1 2023-2024
Наводи
Надворешни врски
Фабио Мирети на soccerway Фабио Мирети на transfermarkt Фабио Мирети на ESPN Фабио Мирети на tuttocalciatori Фабио Мирети на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Џенова Категорија:Фудбалери на ФК Бешикташ Категорија:Италијански фудбалери