Каспер Руд (роден на 22 декември 1998 г.) — норвешки професионален тенисер.

Негово највисоко место според рангирањето на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) е 2. место кое го достигнал во септември 2022 година, што го прави највисоко рангираниот норвешки тенисер во историјата. Руд освоил девет АТП титули во поединечна конкуренција, од кои осум на земјена подлога. Руд е првиот норвежанец кој освоил АТП титула, играл гренд слем финале, играл АТП Мастерс 1000 финале и бил рангиран во најдобрите 10 според АТП рангирањето. Во 2022 година, Руд двапати играл гренд слем финале, и тоа на Отвореното првенство на Франција 2022, каде што бил поразен од Рафаел Надал и на Отвореното првенство на САД 2022, каде што загубил од Карлос Алкараз.

Кариера Јуниорски тенис Руд стигнал до третото коло на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на Франција 2015, каде што бил поразен од Корентин Деноли. Тој исто така стигнал до третото коло на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД 2015 и до второто коло на Вимблдон 2015. Тоа биле негови најдобри резултати на јуниорските гренд слем турнири во поединечна конкуренција.

Во јуниорска конкуренција во двојки, тој и неговиот партнер Миомир Кецмановиќ стигнале до полуфиналето на Вимблдон 2015, каде загубиле од Лу Хоанг Нам и Сумит Нагал, кои подоцна ја освоиле јуниорската титула. Во 2016 година, Руд и Кецмановиќ стигнале до полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2016, во кое биле поразени од Јусеф Хосам и Јурабек Каримов.

2016: Светски јуниор Бр.1 и АТП деби Руд ја започнал годината како светски јуниор бр.1 на 4 јануари, правејќи го првиот норвежанец кој го постигнал тоа.

За сезоната 2016, Руд започнал да играл фјучерс турнири и да се искачува на АТП рангирањето. Во февруари, тој се пласирал во своето прво ИТФ фјучерс финале, во кое забележал победа над Карлос Табернер во Пагера, Шпанија.

Следно тој одиграл уште четири ИТФ финалиња, и успеал да ја освои титулата на турнирот во Карина, Финска, во август.

Во септември, на својот прв АТП Челенџер турнир, Руд успеал да ја освои титулата во Севиља, победувајќи го Таро Даниел во финалето. Освојувајќи титула на својот деби настап, Руд станал четвртиот најмлад тенисер во историјата на кого тоа му успеало. На турнирот, тој за прв пат остварил победи над играчи рангирани во најдобрите 150 на АТП рангирањето. Тој го победил Ињиго Сервантес во четвртфиналето, кој во тоа време бил рангиран како 75. играч во светот. Со победата на Челинџер турнирот во Севиља, Руд добил вајлд-карта за настап во главниот жреб на Отвореното првенство на Ченгду, што бил негов прв турнир од АТП 250 серијата. Таму, Руд загубил од Виктор Троицки во првото коло.

Руд ја завршил 2016 година како светски бр. 225 на АТП рангирањето.

2017: АТП 500 полуфинале Одличните резултати во претходната сезона и напредокот на АТП рангирањето му овозможиле на Руд да игра во квалификациите за Отвореното првенство на Австралија, каде што тој бил запрен во третото квалификациско коло од Рајли Опелка. Во февруари, Руд добил вајлд карта за настап во главниот жреб на Отвореното првенство на Рио де Жанеиро, турнир од АТП 500 серијата, каде тој остварил победи над Рожерио Дутра Силва, Роберто Карбаљес Баена и Тијаго Монтеиро за пласман во своето прво АТП полуфинале. Тој станал најмладиот полуфиналист на АТП 500 турнир, по Борна Ќориќ во 2014 година. Руд во полуфиналето бил поразен од Пабло Карењо Буста, но по турнирот напредувал до 133. место на АТП рангирањето. Руд добил валјд карта за мастерсот во Мајами, што било негово прво учество на АТП Мастерс 1000 турнир.

На сезоната на земјена подлога, Руд преку квалификации успеал да се пласира во главниот жреб на Отвореното првенство на Барселона, каде што бил поразен во второто коло од Алберт Рамос Вињолас, откако претходно забележал победа над Раду Албот во првото коло. Тој не успеал да се квалификува во главниот жреб на Отвореното првенство на Франција, доживувајќи пораз во второто квалификациско коло.

Во август, Руд стигнал до четвртфиналето на челинџер турнирот во Санто Доминго, каде бил поразен од победникот на турнирот, Виктор Естреља Бургос. Тој не успеал да се квалификува во главниот жреб на Отвореното првенство на САД, доживувајќи пораз од Симоне Болели во второто квалификациско коло. Руд ја завршил 2017 година како светски бр. 139 на АТП рангирањето.

2018: Прв настап на гренд слем Во 2018 година, преку квалификации, Руд се квалификувал за својот прв гренд слем на Отвореното првенство на Австралија. Тој станал првиот норвежанец по 17 години кој успеал да се најде во главен жреб на гренд слем турнир. Во првото коло тој го победил Квентин Алис, но потоа во второто коло бил поразен од Диего Швартцман во три сета. Руд не обезбедил пласман преку квалификации во главен жреб на мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс, и бил повторно поразен од Швартцман на Отвореното првенство на Рио де Жанеиро.

Подоцна во сезоната тој покажал добра форма во континуитет и играл две АТП Челинџер финалиња во две недели. Во првото, тој бил поразен од Џанлујџи Квинци во Франкавила ал Маре, а додека пак во второто бил поразен од Педро Соуса во Брага две недели подоцна. Руд ја продолжил добрата форма, квалификувајќи се за прв пат во главниот жреб на Отвореното првенство на Франција преку квалификации, без загубен сет. Во првото коло тој го победил Џордан Томпсон, но во второто коло бил поразен од Алберт Рамос Вињолас. Во јули, тој ја остварил најголемата победа во кариерата до тој момент, победувајќи го бранителот на титулата и поранешен светски бр. 3, Давид Ферер, на Отвореното првенство на Шведска.

Подоцна во годината, преку квалификации без загубен сет, Руд за прв пат се квалификувал за Отвореното првенство на САД. Сепак, во првото коло тој бил поразен од Гвидо Пеља. Тој ја завршил сезоната со три полуфиналиња едноподруго на челинџер турнири во Северна Америка, на 112. место на АТП рангирањето.

2019: Влез во најдобрите 100

На почетокот на 2009 година, Руд загубил во првото квалификациско коло на Отвореното првенство на Австралија, но веќе во февруари тој ја подигнал својата форма и успеал да се квалификува за во главниот жреб на Отвореното првенство на Рио де Жанеиро, каде стигнал до четвртфиналето во кое загубил од Ласло Ѓере, откако претходно забележал победи над Карлос Берлок и петтиот носител Жоао Соуса. Една недела подоцна, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Бразил, каде што бил поразен од Кристијан Гарин. Со овие резултати, Руд за прв пат во кариерата влегол во најдобрите 100 на АТП рангирањето, и тоа на 94. место, станувајќи првиот норвежанец на кого тоа му успеало, по неговиот татко, Кристијан Руд, во декември 1994 година.

Во април, на АТП турнирот во Хјустон, на земјена подлога, Руд стигнал до своето прво АТП финале во кариерата, во кое повторно бил поразен од Кристијан Гарин. Со пласманот во финалето тој станал втор норвежанец во историјата кој играл АТП финале, по неговиот татко Кристијан Руд.

На Отвореното првенство на Италија во Рим, Руд ја остварил својата прва победа на АТП Мастерс 1000 турнир. Тој успешно ги поминал квалификациите и во главниот жреб забележал победи над Даниел Еванс и Ник Кирјос, но во третото коло бил запрен од Хуан Мартин дел Потро. На Отвореното првенство на Франција, Руд ги победил Ернест Гулбис и Матео Беретини во три сета, но во третото коло бил поразен од Роџер Федерер во три сета.

Во јули, на својот прв настап на Вимблдон во главен жреб, Руд загубил од деветтиот носител Џон Изнер во првото коло. Еден месец подоцна, на Отвореното првенство на Кицбиел, Руд забележал победи над Пабло Карењо Буста, Матијас Бахингер и Пабло Куевас, за пласман во полуфиналето, во кое бил поразен од Алберт Рамос Вињолас. На Отвореното првенство на САД, Руд бил поразен уште во првото коло од Јан-Ленард Штруф, но во игра на двојки, тој и Миомир Кецманоциќ стигнале до третото коло, претходно победувајќи ги третите носители Равен Класен и Мајкл Венус во второто коло.

На Отвореното првенство на Санкт Петербург, Руд стигнал до четвртфиналето во кое загубил од Борна Ќориќ. На крајот на октомври, тој преку квалификации успеал да се квалификува за главниот жреб на мастерсот во Париз, но во првото коло бил поразен од Адријан Манарино. Последен турнир за Руд во сезоната бил АТП Финалето на новата генерација, каде што тој бил елиминиран во групната фаза, забележувајќи победа над Алехандро Давидович Фокина и порази од Миомир Кецмановиќ и Алекс де Минаур.

2020: Прва АТП титула Руд ја започнал сезоната на АТП Купот каде што ја предводел Норвешка во победата од 2–1 над тимот на САД во првиот натпревар од групната фаза, победувајќи го Џон Изнер во три тесни сета, а потоа во двојки, тој и Виктор Дурасовиќ забележале победа над Остин Крајчек и Раџив Рам. Во дуелот против Италија, Руд го победил Фабио Фоњини во два сета.

Руд загубил уште во првото коло на Отвореното првенство на Австралија од Егор Герасимов во натпревар во пет сета, но на следниот турнир, на Отвореното првенство на Аргентина, успеал да ја освои својата прва АТП титула во кариерата, запишувајќи се во историјата како прв норвежанец кој освоил АТП титула. Истовремено, тој го надминал најдобриот АТП пласман на неговиот татко, бр. 39, кој до тој момент бил најдобропласиран норвешки тенисер во историјата, заземувајќи го 34. место на АТП рангирањето на 17 февруари 2020 година.

Две недели по освојувањето на својата прва АТП титула, Руд повторно играл финале, на Отвореното првенство на Чиле, но овој пат бил поразен во три сета од Тијаго Сејбот Вилд.

На Отвореното првенство на САД, Руд забележал победи над Макензи Мекдоналд и Емил Русувори редоследно, но во третото коло бил поразен од Матео Беретини.

На Отвореното првенство на Италија, Руд стигнал до полуфиналето, победувајќи ги Карен Хачанов, Лоренцо Сонего и Марин Чилиќ редоследно, а потоа во четвртфиналето забележал победа над Матео Беретини. Во полуфиналето Руд бил поразен од Новак Ѓоковиќ. Следната недела, на Отвореното првенство на Германија, тој повторно играл полуфинале, но овој пат бил поразен од Андреј Рубљов. На Отвореното првенство на Франција, одржано во септември поради пандемијата од КОВИД-19, Руд загубил во третото коло од Доминик Тим.

АТП финалиња во кариерата Поединечно: 14 (9–5) ЛегендаГренд слем (0–2)АТП Мастерс финале (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–1)АТП 500 серија (0–0)АТП 250 серија (9–2)Финалиња по подлогаТврда (1–2)Земја (8–3)Трева (0–0)

ИсходБр.ДатумТурнирНивоПодлогаПротивникРезултатПораз0–114 април 2019Тениско првенство на САД на земјена подлога, САДЗемја Кристијан Гарин6–7(4–7), 6–4, 3–6Победа1–116 февруари 2020Отворено првенство на Аргентина, АргентинаАТП 250 серијаЗемја Педро Соуса6–1, 6–4Пораз1–21 март 2020Отворено првенство на Чиле, ЧилеАТП 250 серијаЗемја Тијаго Сејбот Вилд5–7, 6–4, 3–6Победа2–222 мај 2021Отворено првенство на Женева, ШвајцаријаАТП 250 серијаЗемја7–6(8–6), 6–4Победа3–218 јули 2021Отворено првенство на Шведска, ШведскаАТП 250 серијаЗемја6–3, 6–3Победа4–225 јули 2021Отворено првенство на Швајцарија, ШвајцаријаАТП 250 серијаЗемја6–3, 6–2Победа5–231 јули 2021Отворено првенство на Кицбиел, АвстријаАТП 250 серијаЗемја6–1, 4–6, 6–3Победа6–24 октомври 2021Отворено првенство на Сан Диего, САДАТП 250 серијаТврда6–0, 6–2Победа7–213 февруари 2022Отворено првенство на Аргентина, Аргентина (2)АТП 250 серијаЗемја Диего Швартцман5–7, 6–2, 6–3Пораз7–33 април 2022Мајами Мастерс, САДАТП Мастерс 1000Тврда Карлос Алкараз5–7, 4–6Победа8–321 мај 2022Отворено првенство на Женева, Швајцарија (2)АТП 250 серијаЗемја Жоао Соуса7–6(7–3), 4–6, 7–6(7–1)Пораз8–45 јуни 2022Отворено првенство на Франција, ФранцијаГренд слемЗемја Рафаел Надал3–6, 3–6, 0–6Победа9–424 јули 2022Отворено првенство на Швајцарија, Швајцарија (2)АТП 250 серијаЗемја4–6, 7–6(7–4), 6–2Пораз9–511 септември 2022Отворено првенство на САД, САДГренд слемТврда Карлос Алкараз4–6, 6–2, 6–7(1–7), 3–6

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Норвешки тенисери