„Светилиште“ () — роман на американскиот писател и нобеловец Вилијам Фокнер, објавен на 9 февруари 1931 година од издавачката куќа Кејп и Смит. Дејството се одвива во мај и јуни 1929 година во имагинарната област Јокнапатафа, каде што се одигруваат речиси сите романи и раскази на овој американски автор. Во центарот на наративот е Хорас Бенбоу, адвокат кој се обидува да одбрани невин човек обвинет за убиство. Еден вид продолжение на настаните опишани во Светилиштето е дадено во делото на Фокнер „Реквием за калуѓерката“ (1951). Темата на Светилиште е откривањето на природата на злото, губењето на илузиите, проблемот со корупцијата и потрагата по правда.

Светилиште е најмрачиот роман на Фокнер полн со експлицитни сцени на насилство, што го навело тогашниот критичар, Хенри Сидел Канби, да напише дека садизмот со овој роман го достигна својот американски врв. Контроверзите што го опкружувале, особено оние поврзани со епизодата на силување, го направиле Светилиште бестселер и го свртеле вниманието на критичарите кон Фокнер. Романот се продал повеќе од сите негови претходни дела заедно. Меѓутоа, финансиските проблеми на издавачот го спречиле Фокнер да заработи од својот успех. Иако многу читатели и критичари од тоа време биле згрозени од прикажувањето на ужасот и насилството, други виделе книжевна вредност во Светилиштето и ја пофалиле неговата провокативна моќ. Современите научници истакнуваат дека ова е романот што Фокнер го преправал најмногу пати.

Адаптации Студиото Парамаунт во 1933 година снимило адаптација на Светилиште, наречена Приказната за Темла Дрејк. Филмот бил режиран од Стивен Робертс, а главните улоги ги толкувале Миријам Хопкинс и Џек Ла Ру. Филмот предизвикал контроверзии за прикажувањето на сексуалноста и насилството и го забрзал усвојувањето на строгите холивудски правила за цензура познати како Хејзов код. По втор пат е екранизиран во 1961 година. во режија на Тони Ричардсон. Сценариото е создадено со комбинирање на наративот на Светилиште со неговото неофицијално продолжение, Реквием за калуѓерката. Втората адаптација се смета за полоша од првата.

Наводи

Литература

Категорија:Романи од 1931 година Категорија:Дела на Вилијам Фокнер Категорија:Криминалистички романи Категорија:Романи на англиски јазик Категорија:Романи кои се одвиваат во САД