Земја на Едит Роне () — неофицијално име на област на Антарктикот која се граничи со Палмеровата и Елсвортовата Земја на запад, Коутсовата Земја на исток и Филхнер-Ронеовата Ледена Плоча на север. Во декември 2012 г. оваа област е официјално именувана Земја на Кралицата Елизабета од британската влада, која ја смета за дел од Британската Антарктичка Територија.Antarctic Bill Volume 556: debated on Friday 18 January 2013
Името „Земја на Едит Роне“ е дадено од владата на Чиле во чест на Едит Роне, првата жена полноправен член на антарктичка екипа. Таа била сопруга на американскиот офицер Фин Роне, водач на антарктичката експедиција RARE во 1947–48 г.Tierra Edith Ronne. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.
Поранешно име и употреба Името првично е дадено во 1947 г. од Фин Роне како назив на пределот јужно од големата ледена плоча кој го открил на брегот на Веделовото Море (чие земјиште се совпаѓа со најголем дел од денешната Земја на Кралицата Елизабета). Меѓутоа, во 1957–58 г. е утврдено дека ледената плоча е поголема одошто се мислело, заземајќи ја речиси сета „Земја на Едит Роне“, па така Советодавниот комитет за антарктички имиња на САД во 1968 г. наместо тоа официјално го одобрила името „Ронеова Ледена Плоча“ за тој дел (освен Филхнеровата Ледена Плоча сместен меѓу островот Беркнер и Коутсовата Земја).Ronne Ice Shelf. USGS Geographic Names Information System.Ronne Family: Antarctic Explorers.
Наводи
Поврзано Земја на Кралицата Елизабета
Категорија:Области на Антарктикот Категорија:Земји на Антарктикот Категорија:Земја на Кралицата Елизабета