Спиро Гулапчев (12 јуни 1856 — јануари 1918) — македонски анархистГеорги Хаџиев. Историја на анархистичкото движење во Бугарија. Второ издание 1996, Софија. стр. 31-33., учесник во распламтените полемики што биле водени за Македонија по Берлинскиот конгрес, општественик, публицист, јазичар, идеолог на сиромахомилството (варијанта на народничкото учење), еден од првите заговорници на концепцијата за Балканска федерација според која Македонија би била одделна политичка целост. Бил сопственик на печатница во која е објавен првиот превод на бугарски јазик на „Комунистичкиот манифест“. Во печатницата се печателе и книги со македонска проблематика, иако самиот тој Македонците недвосмислено ги сметал за Бугари.

Животопис и творештво

Роден е во Лерин, Егејска Македонија (денес Грција). Се школувал во Константинопол, под покровителство на Бугарската егзархија, во бугарското училиште во Фенер заедно со Трајко Китанчев и Димитар Благоев. Потоа образованието го продолжува во Одрин и Пловдив, по што оди да студира во Москва и Киев. Восхитен од идеите на руското народништво и од федералистичките стремежи на Малорусите (Украинците), живее во Русија, околу 5 години. Поради пројавените симпатии бил екстерниран во родниот град, за по краткото учителствување да се пресели дефинитивно во Бугарија, каде што останува сè до смртта.

Гулапчев е автор на повеќе трудови во чиј фокус е Македонија третирана од различни аспекти: нејзиното политичко уредување, прашањето за етногенезата на македонските Словени, нивниот јазик и правопис итн. Меѓу нив најважно место заземаат книгите: „Дедо Стојан“ (Има ли ум, ќе има и напредок), издадена во Киев (1885), „Еден поглед по етнографијата на Македонија“, Габрово (1887) и „Македонски маслад“, Русе (1893). Го уредувал весникот „Македонија“ (Русе, 1902) од кој излегуваат само четири броја.

Во книгата „Еден поглед по етнографијата на Македонија“ под влијание на украинскиот професор и теоретичар Михајло Драгоманов, ја застапува тезата за федеративно уредување на Балканот - за создавање на т.н. „Неутрална Балканска Федерација“ која би се состоела од 8 политички единици: Македонија, Епиро-Албанија, Бугарија, Србија, Европска Турција, Црна Гора, Романија и Грција. Според него: Македонија треба да составува одделна политичка целост, независно што неговите погледи за етничката припадност на Македонците се поклопуваат со бугарските. Длабоко промислена е неговата поставка дека ослободувањето на Македонија лежи во активирањето на сопствените сили. Смета дека најсправедлив критериум за диференцирањето на народностите е јазикот.

Во книгата „Еден расказ: Дедо Стојан“ се објавува против етимолошкиот правопис, штитејќи го фонетскиот принцип, но настојува на зачувувањето на турцизмите и на застапеност на македонизмите во заедничкиот македонско-бугарски литературен јазик кои би биле одбрана од божемната опасност од навлегување на руските јазични елементи.

Во своето творештво, Гулапчев се нарекува македонски Бугарин, а Македонија - земја претежно населена со Бугари.Спиро Гулабчев. Един оглед по етнографiята на Македонiя. Габрово, 1887, стр.39

Наводи

Надворешни врски

"Един оглед по етнографията на Македония", Габрово, 1887 г. "Един расказ: Дѣдо Стоян (има ли ум, — ште има и напрѣдьк" Типографія К. Н. Милевскаго, Прорѣзная ул., д. Эриста №7, Кіев, 1885 г.

Категорија:Македонски анархисти Категорија:Бугарофили Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Родени во 1852 година Категорија:Македонски општественици