врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/99/Antarctic Temperature Trend 1981-2007.jpg/344px-Antarctic Temperature Trend 1981-2007.jpg|мини|344x344пкс| Трендови на температурата на Антарктикот помеѓу 1981 и 2007 година, врз основа на термални инфрацрвени набљудувања направени од серија сателитски сензори NOAA. Трендовите на температурата не мора да ги одразуваат трендовите на температурата на воздухот.

Промената на температурата поради климатските промени на Антарктикот не е стабилна на целиот континент. Западен Антарктик брзо се загрева, додека внатрешните региони се ладат од ветровите на Антарктикот. Водата на Западен Антарктик се загрева за 1 °C од 1955 година. Понатамошното зголемување на температурата во водата и на копното ќе влијае на климата, ледената маса и животот на континентот и ќе има глобални импликации. Денешните концентрации на стакленички гасови се повисоки од кога било според ледените јадра од Антарктикот, што укажува дека затоплувањето на овој континент не е дел од природниот циклус и се припишува на антропогените климатски промени.

Антарктикот изгубил 2720 ± 1390 гигатони мраз во периодот од 1992 до 2017 година, а проценките се дека во 2100 година нивото на морето ќе се зголеми за 25см само од водата врзана во мразот на Антарктикот. Топењето на ледената покривка на Антарктикот, особено на Западен Антарктик, ќе ги помести океанските струи и ќе има глобално влијание. Климатските промени влијаат на биоразновидноста на континентот, иако степенот на ова е неизвесен бидејќи многу видови на Антарктикот остануваат неоткриени. Веќе има документирани промени на флората и фауната на континентот. Промените вклучуваат зголемување на големината на популацијата кај растенијата и прилагодување кон новото живеалиште на пингвините. Зголемувањето на температурата доведува до топење на вечниот мраз, што придонесува за ослободување на стакленички гасови и хемикалии кои се заробени во мразот.

Дури и со целите и ограничувањата направени со Парискиот договор, можеби е предоцна да се смени топењето на мразот на Западен Антарктик, а идните промени во климата на Антарктикот ќе влијаат на сите делови на Земјината топка.

Влијанија врз физичката средина

Температурни и временски промени Температурите измерени по 1957 година до раните 2000-ти покажуваат разлика во трендот на Антарктичкиот Полуостров и континенталната внатрешност. Според една студија во 2009 година, температурата на Западен Антарктик се зголемила за 0,176 ± 0,06 °C по деценија помеѓу 1957 и 2006 година. Друга студија во 2020 година покажува ладење на температурата на воздухот за 0,7 °C по деценија од 1986 година до 2006 година на станицата Лејк Хоар. Двете студии покажуваат дека промената на температурата може да ја смени шемата на ветерот, а според друга студија во 2020 година, западните ветрови околу Јужниот пол станале поинтензивни во последната половина на 20 век. Истата студија покажува дека Антарктичкиот Полуостров бил најбрзото затоплувачко место на Земјата, а веднаш по него е Западен Антарктик, но овие трендови ослабнале на почетокот на 21 век. Спротивно на тоа, Јужниот Пол во Источен Антарктик едвај се загреал минатиот век, но во последните три децении таму зголемувањето на температурата е повеќе од трипати поголема од глобалниот просек, затоплувајќи се за 0,61 ± 0,34 °C на деценија. Во февруари 2020 година, континентот ја забележал највисоката температура од 18,3 °C, што било за степен повисоко од претходниот рекорд од 17,5 °C во март 2015 година. Моделите предвидуваат дека температурата на Антарктикот ќе биде зголемена за 4 °C, во просек, до 2100 година и тоа ќе биде придружено со 30% зголемување на врнежите и 30% намалување на вкупниот морски мраз. Главната компонента на климатската варијабилност на Антарктикот е јужниот прстенест режим, кој покажал засилени ветрови околу Антарктикот во летото на подоцнежните децении на 20 век, поврзани со пониски температури над континентот. Трендот е без преседан во последните 600 години; најдоминантниот двигател на овој начин на варијабилност е веројатно осиромашувањето на озонот над континентот.Meredith, M.; Sommerkorn, M.; Cassotta, S; Derksen, C.; et al. (2019). "Chapter 3: Polar Regions" (PDF). IPCC Special Report on the Ocean and Cryosphere in a Changing Climate. p. 212.

Температурата во горниот слој на океанот на Западен Антарктик се загрева за 1 °C од 1955 година. Антарктичката кружна струја (ACC) се загрева побрзо од целиот глобален океан. Промените на оваа струја не само што ќе влијаат на климата на Антарктикот, туку и на протокот на вода во Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан.Britannica, The Editors of Encyclopaedia. "Antarctic Circumpolar Current". Encyclopedia Britannica, 9 July 2021, https://www.britannica.com/place/Antarctic-Circumpolar-Current. Accessed 15 May 2022.

Постојат природни флуктуации во климата, а со проучување на ледените јадра на Антарктикот се покажало дека овие флуктуации се во корелација со концентрацијата на стаклена градина во атмосферата. Флуктуациите се однесуваат на глацијални и меѓуглацијални периоди. Концентрацијата на јаглерод диоксид за време на глацијалните периоди е 180 делови на милион и метан 300 делови на милион. За време на меѓуглацијалните периоди концентрацијата е 320 делови на милион за јаглерод диоксид и 790 делови на милијарда за метан. Денес концентрацијата е 417 делови на милион за јаглерод диоксид (април 2022 година) и 1.896 делови на милијарда за метан (април 2022 година), што покажува дека концентрациите денес не се во рамките на нормалните флуктуации.

Промени во ледената маса мини|316x316пкс|Промена на мразот на Антарктикот помеѓу 2002-2020 година. врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/48/20201210 Antarctica ice mass variation - NASA GRACE-en.svg/280px-20201210 Antarctica ice mass variation - NASA GRACE-en.svg.png|мини| Загубата на ледената маса од 2002 година, измерена со сателитски проекти на НАСА GRACE и GRACE Follow-On, изнесувала 152 милијарди метрички тони годишно. (Time between projects caused gap in data.) Систематски преглед на сите претходни студии и податоци од 2018 година од вежбата за споредба на масата на мразот (IMBIE) покажала дека Антарктикот изгубил 2720 ± 1390 гигатони мраз во периодот од 1992 до 2017 година со просечна стапка од 109 ± 56 Gt година, доволно за 7,6 милиметри да се подигне нивото на морето откако ќе се стопат сите одвоени ледени брегови. Повеќето загуби на мраз се случиле на Западен Антарктик и на Антарктичкиот Полуостров. Студијата проценува зголемување на загубата на маса на мраз од 53 ± 29 Gt годишно на 159 ± 26 Gt годишно од 1992 година до последните пет години од студијата на Западен Антарктик. На Антарктичкиот Полуостров просечната загуба на масата на ледената покривка се проценува на -20 ± 15 Gt годишно со зголемување на загубата од околу 15 Gt годишно по 2000 година. Во двата региони загубата била под влијание на намалувањето на дебелината на мразот и лебдечките ледени плочи. Резултатите од Источен Антарктик покажуваат несигурност, но проценуваат просечна загуба од 5 ± 46 Gt мраз годишно за време на периодот на проучувањето.

Преку неговото тековно истражување, климатскиот научник, Николас Голеџ, проценил дека ледените плочи на Антарктикот ќе продолжат да се топат и ќе имаат големо влијание врз глобалната клима. Според анализата на Голеџ, до 2100 година, во светскиот океан ќе бидат додадени 25 сантиметри вода, бидејќи температурата на водата продолжува да расте. Топењето на мразот во иднина ќе се разликува во зависност од просечниот пораст на глобалната температура предизвикан од емисиите на стакленички гасови. Заклучокот за политиките на Парискиот климатски договор е дека ако глобалното затоплување е ограничено на не повеќе од 2 °C целзиусови, губењето на мразот на Антарктикот ќе продолжи со сегашното темпо до крајот на векот. Иако, сегашните политики дозволуваат затоплување од 3 °C целзиусови што доведува до брзо забрзување на загубата на мраз по 2060 година, што придонесува за глобално просечно покачување на морското ниво за 0,5 cm годишно до 2100 година. Сценаријата кои вклучуваат уште повисоки емисии ќе имаат поголеми разорни ефекти врз глобалното зголемување на средното морско ниво.

Ледената покривка на Антарктикот сочинува 90% од светскиот волумен на мраз и 70% од целата слатка вода на Земјата. Глобалното затоплување резултира со брзо губење на масата на ледената покривка на Антарктикот. Студијата објавена во 2022 година, открила дека топењето на ледниците од ледената покривка на Антарктикот претставува најголем дел од вкупното освежување што се случува во Јужниот Океан. Освежувањето на Јужниот Океан резултира со зголемена стратификација и стабилизација на океанот. Ова би ја ослабнало циркулацијата на превртување и ќе спречи посолената длабока вода да се издигне до површинските води.

Црн јаглерод и ефекти врз албедото Црниот јаглерод акумулиран на снегот и мразот го намалува одразот на мразот, предизвикувајќи тој да апсорбира повеќе енергија и да го забрза топењето. Ова може да создаде јамка за повратната врска мраз-албедо каде што самата топена вода влијае на забрзувањето на топењето поради рефлексијата на погодената површина. На Антарктикот црн јаглерод е пронајден на Антарктичкиот Полуостров и околу ледникот Јунион со највисоки концентрации во близина на антропските активности. Резултатот од човечките активности на Антарктикот ќе го забрза топењето на снегот на континентот, но брзината на топење ќе се разликува во зависност од тоа колку далеку ќе се шират црниот јаглерод и другите емисии, заедно со големината на областа што ќе ја покриваат. Проучување од 2022 година проценува дека сезонското топење во текот на летниот период ќе започне побрзо на местата со црн јаглерод поради намалувањето на рефлексијата на албедо кое се движи од 5 до 23 kg/m2.

Вечен мраз Зголемените температури на Антарктикот, исто така, доведуваат до топење на вечниот мраз што може да ослободи многу хемикалии. Слично како што почвите имаат различни хемиски загадувачи и хранливи материи во нив, вечниот мраз на Антарктикот заробува слични соединенија додека не се стопат и загадените хемикалии повторно не се ослободат. Овие ослободени хемикалии ја менуваат хемијата на површинските води, малите организми како микро-алгите ги консумираат загадувачите, а потоа биоакумулацијата и биозголемувањето се случуваат низ прехранбената мрежа. Постојани органски загадувачи (POPs) и тешки метали може да се најдат во вечниот мраз и ремобилизацијата на овие хемикалии најверојатно ќе има негативни последици врз организмите кои потоа ќе влијаат на целиот екосистем. Некои од загрижувачките хемикалии и забележаните биолошки ефекти се полицикличен ароматичен јаглеводород (канцероген, доведува до оштетување на црниот дроб), полихлориран бифенил/ хексахлоробензен/ дихлородифенилтрихлороетан (намален репродуктивен успех, имунохематолошки нарушувања), и Hg/Pb/Cd (нарушување, оштетување на ДНК, имунотоксичност, репротоксичност). Да се разбере кои хемикалии се заробени во вечниот мраз и нивните потенцијални негативни ефекти врз екосистемите на Антарктикот е важно бидејќи епознато дека многу хемикалии ќе бидат мобилизирани од вечниот мраз додека трае зголемувањето на температурите поради климатските промени.

Влијанија врз екологијата

Биоразновидност