Сајпл () — потенцијално активен штитест вулкан на Антарктикот. Се издига н ависина од 3.110 м и доминира во северозападниот дел на островот Сајпл, одвоен од Бакутисовиот Брег, Земја на Мери Берд, од Гецовата Ледена Плоча. Бидејќи изгледа младо, се претпоставува дека последен пат избувнал за време на холоценот. На врвот има калдера со димензии 4 × 5 км, а на подолните бокови има туфни купи. На североисточната падина на планината е карпестата стрмина Рисли, околу 7 морски милји (13 км) од врвот. Има зафатнина од , споредлива со онаа на Еребус.
Планината е наречена по американскиот истражувач и географ Пол Сајпл (1908–68) кој зел учество на шест антарктички експедиции, меѓу кои двете експедиции на Ричард Берд од 1928-30 и 1933-35 г. (Сајплов Брег, остров Сајпл). Командувал со Западната база на Антарктичката служба на САД (1939–41). Бил навигатор на сите поважни истражувачки летови од базата, вклучувајќи го летот на кој е откриена планината Сајпл.
Според peaklist.org, вулканот е веројатно освоен, но за ова нема докази, а на врвот може да слетал хеликоптер.
Вулканот е посетен во февруари 2017 г. како дел од експедицијата на Швајцарскиот поларен институт за обиколување на Антарктикот. Направена е репортажа за колонија на аделиски пингвини која отседнува таму во сезоната за парење.
Поврзано Список на вулкани на Антарктикот Список на највисоки планини на Антарктикот
Наводи
Надворешни врски
Сајпл — skimountaineer.com Сајпл, Антарктик — Peakbagger
Категорија:Планини на Антарктикот Категорија:Вулкани на Антарктикот Категорија:Земја на Мери Берд