Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО) — македонска револуционерна организација која постоела во периодот меѓу 1919–1934 година. По завршувањето на Првата светска војна започнало политичко групирање и организирање на македонската емиграција во Бугарија. Отука, кон крајот на 1919 година била формирана ВМРО, со Централен комитет: Тодор Александров, Александар Протогеров и Петар Чаулев. Главна цел на оваа организација била автономијата или независна Македонија, односно создавање на самостојна македонска држава.Мајски манифест, 15 мај 1924, Виена, Австрија

По потпишувањето на Нишката спогодба помеѓу Кралството СХС и Бугарија во март 1923 година, ВМРО зела активно учество во рушењето на бугарската влада на Александар Стамболиски. Во втората половина на 1923 година биле воспоставени врски и водени разговори со претставници на Советскиот Сојуз, заинтересиран за создавање единствено македонско револуционерно ослободително движење. Притоа Тодор Александров подготвил и потпишал Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада.

Преговорите водени во Виена завршиле со потпишување Декларација Платформна декларација за обединувањето на македонското револуционерно движење на ЦК на ВМРО и на Мајскиот манифест Мајски манифест од страна на Александров, Протогеров и Чаулев. Под притисок на бугарската влада, првите двајца со Декларација на ЦК на ВМРО јавно се откажале од своите потписи. Тодор Александров бил убиен на 31 август 1924 година од припадници на ВМРО, војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров. Раководството на ВМРО го презеле Александар Протогеров и Иван Михајлов. За убиството на Александров биле обвинети конкурентните организации од македонската емиграција.

За две години по настаните во Горна Џумаја (12.09.1924 г.), ВМРО убила редица истакнати македонски интелектуталци и револуционери, идејни противници како Димо Хаџи Димов, Арсени Јовков, Тодор Чопов и др. По наредба на Михајлов бил убиен и Александар Протогеров (7. VI. 1928 год), а ВМРО се поделила на Михајловисти и Протогеровисти и дошло до нивно меѓусебно физичко пресметувње. На VII конгрес на ВМРО (21. VI. 1928 г.) Михајлов официјално го презел раководењето.

Во програмската определба на ВМРО на Михајлов поимот автономна бил заменет со поимот независна Македонија во која живеат Бугари. Негова стратегиска цел била создавање на Македонија како втора бугарска држава.

Во април 1929 г. Македонскиот национален комитет контролиран од Михајлов и хрватските претставници потпишале Декларација за соработка и создавање Независна Држава Хрватска и Независна Македонија, како втора бугарска држава. По воениот удар од 19 мај 1934 година новата влада на чело со Кимон Георгиев распуштила Собранието и забрануила политичките партии, вклучувајќи го и ВМРО. Потоа, под водство на Михајлов, таа продолжила да дејствува во странство. На 9. X 1934 година, со заедничка акција на хрватските и македонски сили, бил извршен атентат врз кралот на Југославија, Александар I Караѓорѓевиќ. Се поврзала со нацистичките и профашистичките сили на Германија, Италија, Унгарија и Хрватска, со кои соработувала до крајот на Втората светска војна Зоран Тодоровски, ВМРО 1924-1934, Скопје, 1997..

Предисторија

мини|лево|150п|Христо Матов По Илинденското востание дошло до поделба на Македонската револуционерна организација на две крила: Реформско и Конзервативна струја. Судирот кој настанал меѓу овие две струи кулмимнирал со серија на атентати од двете страни, врз високи претставници на македонското револуционерно движење.

Дефинитивниот раскол е легализиран со Ќустендилскиот конгрес од 1908 година. На овој Конгрес присуствувале само претставници на Конзервативна струја, а меѓу нив биле: Христо Матов, Христо Татарчев, Петар Ацев, Ефрем Чучков и други. На конгресот е усвоен уставот на ВМОРО без измени, но во општиот правилник биле направени значителни промени. Конгресот зазел став за натамошна врска со бугарската власт и примање на финансиската помош од бугарската влада, меѓутоа под услов да се почитува самостојноста на Организацијата, задржан е принципот за борба против вооружените пропаганди, прашањето за четничкиот институт и негово зачувување. Според Крсте Битовски со Ќустендилскиот конгрес од 1908 година и со претходно одржаното Советодавно собрание:

завршила и историјата на Македонската револуционерна организација - МРО (ТМОРО, ВМОРО) создадена во 1893 година Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Аковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год. Потоа почнува нова ера во македонското револуционерно-ослободително движење и се зодале услови за појавувањето ВМРО на Тодор Александров.

Кон крајот на 1909 година негативниот развој на Младотурската револуција доведуваа до преориентирање на некои деjци од Реформска струја. Меѓу Јане Сандански и Христо Чернопеев дошло до разединување и последниот со група дејци од Солунскиот, Струмичкиот и Серскиот револуционерни окрузи, а меѓу нив биле Тане Николов, Апостол Петков и други, на 4 мај 1910 година, оваа групација ја основале Бугарската народна македонско-одринска револуционерна организација. Друг обид за реактивирање на старата Македонската револуционерна организација е направен во мај 1910 година, од страна на Христо Матов, Христо Татарчев и штипските дејци Тодор Александров и Тодор Лазаров.

По разговорите во Софија на почетокот на 1911 година доаѓа до обединување на Конзервативната струја со БНМОРК и со дел од пораншниот ВМОК. Така во почетокот на 1911 година е избран нов ЦК во кој влегле: Тодор Александров, Христо Чернопеев и Петар Чаулев, а за резервен член бил избран врховистот Александар Протогеров, меѓутоа до целосно обединување со дејците на поранешниот ВМОК не било постигнато. Како резултат на овие преговорите помеѓу револуционерните дејци на поранешната Македонската револуционерна организација, доаѓа до обид за обновување на старата организација со прифаќање на со стариот устав, име и програмски документи.

Во предвечерието на првата балканска војна, Александров и групација околу него организирале серија на атентати против турските власти кој се познати како Магарешки атентати. Мошне сликовит опис на магарешките атентати дава Анастас Митрев, кој запишал:

Некаков македонски бедник, го натоварил магаренцето со две торби пченкарно брашно, оди на пазар... Го пречекува четата и, со пари или без пари, му го зема магаренцето, става во едната торба пеколна машина и еден од четниците, преоблечен во селска облека, тргнува со магаренцето кон пазарот. И таму, каде што се струпува турската сиромаштија, запира пропадавчот..., ги растоварува торбите... со викот евтино брашно! Даалиите се натрупуваат околу продавачот, секој посакува да купи евтино брашно за да ги нахрани своите гладни деца. Продавачот одвреме навреме го погледнува часовникот и, две-три минути пред избувнувањето на пеколната машина, ја прекратува продажбата за малу, оди да го види магаренцето, или по нужда и не се враќа повеќе. Пеколната машина експлодира и откинува некому рака, некому нога, некому глава од насобраната турска сиромаштија. Атентаторот жив, здрав и насмеан дека успешно си ја извршил дадената задача се враќа кај четата на определеното место Д-р Манол Пандевски, Предговор кон Мемоари огледи статии на Анастас Митрев, Скопје 1974.

Пред самиот почеток на Првата балканска војна со наредба од 26 септември 1912 година сите чети и одреди на ВМОРО, формациски биле вклучени во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските и одринските одреди и чети станале дел од Бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура - одделенија, водови, чети. Со истата наредба, Штабот на партизанските одреди бил преименуван во Штаб на ополченските дружини, односно во Штаб на доброволните баталјони. За главен командант на Штабот е поставен генерал-мајор Никола Генев. Негов помошник е потполковник Александар Протогеров, а мајорот Петар Дрвингов е поставен за началник на Штабот. По добивањето оружје од бугарската армија, Македонско-одринското ополчение веднаш бил префрлен на фронтот во Тракија. На Тракискиот фронт Штабот на Македонско-одринското ополчение бил распуштен, а бригадите препотчинети.

На 19 јуни 1913 година започнало Тиквешкото востание. Бројот на востаниците изнесува околу 1 000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. мини|лево|200п|Петар Чаулевмини|десно|350п|Тодор Александров, Христо Матов, Георги Мончев, Владимир Сланков и Никола Иванов во Димотика во Балканската војна. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена. Во востанието загинале околу 1000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.

Тодор Александров во неколку наврати преговарал со албанските првенци за борба против Србите и Турците, а како водач на ВМРО уште во март 1911 година имал средба со членовите на албанските организации во Цетиње, Црна Гора. Резултат на средбите е меѓусебна спогодба, како и Охридското востание во септември 1913 година кое ВМРО го кренала против српските поробувачи, а во кое значајно учество земаат и албанските револуционери и патриоти. Востанието кое избувнало во југозападна Македонија раководено од Петар Чаулев, Павел Христов, Милан Матов и други зафатило широк простор меѓу Охрид, Кичево, Дебар и Струга, а слабите српски сили на овој терен, во првиот момент, не можеле да се спротивстават на македонско-албанските востаници. На 12 септември 1913 година, Петар Чаулев и Христов со своите чети влегле во Охрид. На 6 октомври 1913 година, Битолскиот окружен началник известува дека положбата во граничните реони се смирувала. Бунтовниците биле разбиени и се повлекувале во Албанија. Меѓутоа според Иван Катарџиев:

Тоа што ВМОРО на Тодор Александров била иницијатор на овие бранувања не менува ништо. Тој бил во најтесна врска со владата на В. Радославов и особено бил заинтересиран Бугарија да има силна влада способна да се бори за решавање на бугарското национално прашање во Македонија.

Бугарската влада на Радославов добила од Австроунгарија 25 милиони златни круни, а бугарската влада од своја страна ги дала на Тодор Александров. Со овие парични средства, со паролата за автономија на Македонија и антисрпското расположение кај раководството и четниците на ВМРО се започнало со подготовки за влегување на комитетски чети во оној дел од Македонија кој бил под српска власт. Четите на ВМРО, заедно со турски чети и потпомогнати од специјалисти за експлозив и пиротехника од Австроунгарија на 20 март (стар стил) 1915 година навлегле на територијата држена од српската власт и ја предизвикле Валандовската афера. Комбинираниот напад начетите на ВМРО и турските чети, потпомогнати од бил извршен токму во овој дел на Македонија на 20 март. Притоа првичната цел на нападот била да се изврши уништување на мостот преку кој поминувала железничката линија на реката Вардар кај станицата Удово за да се прекине снабдувањето на српската војска на линијата Солун-Скопје. Во нападот на трите утврдени српски пунктови кај Валандово, Пирава и Удово. На чело чети на ВМРО се наоѓале војводите: Ване Стојанов,Петар Чаулев, Љубомир Весов, Панајот Карамфилов, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и други, а нивниот број за време на нападот кај Валандово и Удово изнесувал околу 1000 души. мини|лево|200п|Тодор Александров во четничка униформаthumb|десно|350px|Знаме на Единаесетта серска дружина, главно знаме на Македонско-одринското ополчениеИванов, И., Български бойни знамена и флагове, София, 1998, Издателство на министерството на отбраната „Св. Георги Победоносец“, с. 77-78thumb|350п|десно|Чета на Тодор Александров во Првата светска војна