Пагански времиња – македонски роман напишан од Драги Михајловски. Романот е објавен во 2019 година во издание на Просветно дело. Изданието на книгата е потпомогнато од Министерството за култура на Македонија
Делото е пишувано на неформален и чист македонски јазик со богати авторски изрази и зборови.
Содржина Дејството се случува на македонско тло, а се споменуваат неколку локации, меѓу кој и родното огниште на авторот – Битола. Теодор Цакиќ, главниот антагонист во „Пагански времиња“, е од село Бродец – Скопска Црна Гора, кој во разговор со Смртта успева да ја надитри и оттогаш луѓето стануваат бесмртни. За својата бесмртност најмногу се радуваат стариците и старците, како што ги именува авторот, односно луѓето што ја надминале старосната граница од седумдесет години.
Стариците и старците, свесни за новонастанатата ситуација, добивајќи нови сили и храброст, ги напуштаат старечките домови и тргнуваат во поход на одмазда. Одмазда за поинакво минато. Одмазда заради неправдите. Но, кому, зошто и за што сакаат да се одмаздат? На што сè се подготвени луѓето кога смртта не може да ги убие затоа што е врзана за дрвото на Теодор Цакиќ од село Бродец?
Следува едно доста шаренолико сиже за Господ и судирот на религиите. Ова е фабула со многу богата фантазија, напишана налик македонска народна приказна и раскажана од наратор интелектуалец, кој во еден момент ќе го обожавате, а во следниот ќе сакате да го искарате затоа што користи неколку повторувачки книжевни клишеа, кои, секако, имаат своја улога, влијание и вредност во ова литературно дело.
Наводи
Поврзано Драги Михајловски Македонска книжевност
Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Драги Михајловски