Тамо далеко (мак. Таму далеку) е српска традиционална песна од периодот на Првата светска војна. Настаната помеѓу српските војници на Крф, оваа песна е полна со љубов и носталгија кон нивната родна земја.

Оваа песна била предложена за химна на Србија, но не и избрана.

Стихови Српски:Македонски (превод):Тамо далеко, далеко од мора, Тамо је село моје, тамо је Србија.

О, зар је морала доћ', та тужна несрећна ноћ, Када си драгане мој, отишао у крвави бој?

Тамо далеко, где цвета лимун жут, Тамо је српској војсци једини био пут.

Тамо далеко где цвета бели крин, Тамо су животе дали заједно отац и син.

Тамо где тиха путује Морава, Тамо ми икона оста и моја крсна слава.

Тамо где Тимок поздравља Вељковград, Тамо ми спалише цркву у којој венчах се млад.

Без отаџбине на Крфу живех ја, Али сам поносно клиц'о: живела Србија!Таму далеку, далеку од морето, Таму е селото мое, таму е Србија.

О, зарем мораше да дојде, таа тажна несреќна ноќ, Кога ти драги мој замина во крвав бој?

Таму далеку, каде цвета лимон жолт, Таму на српската војска единствен ѝ беше пат.

Таму далеку, каде цвета бел крин, Таму животи дадоа заедно татко и син.

Таму каде тивка патува Морава, Таму ми остана иконата и мојата крсна слава.

Таму каде Тимок го поздравува Вељковград, Таму ја запалија црквата во која се венчав млад.

Без татковина на Крф живеев јас, Но сепак гордо викав: да живее Србија.

Поврзано Марш на Дрину - српски марш од истиот период

Надворешни врски Тамо далеко во изведба на Наракорд Тамо далеко, непознат изведувач

Категорија:Српска музика Категорија:Српски песни