Радио МОФ — непрофитен младински мултимедијален интернет медиум, кој функционира како портал и радио, формиран во 2011 година. Медиумот е вброен меѓу 30-те највлијателни медиуми во Македонија, според порталот Призма од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).Медиуми под лупа

Целната публика на медиумот се младите луѓе и граѓаните чиј интерес е статусот на младите во општеството и негово подобрување.Радио МОФ - За нас Медиумот обработува теми од областа на образованието, науката, екологијата, културата, дигитализацијата, медиумската писменост, социјалните проблеми, сиромаштијата и младинските политики. Покрај радио програмата која се пренесува на интернет, медиумот продуцира и бројни подкасти на различни теми.

Новинарите од Радио МОФ имаат освоено повеќе награди за својата работа, меѓу кои и наградата на Европската Унија за истражувачко новинарство,СТОРИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА БАЛКАНСКИОТ РИС НА РАДИОМОФ ЈА ОСВОИ ПРВАТА НАГРАДА НА ЕУ ЗА ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО награда на тема поврзана со загадувањето на воздухот,ИРЛ, Радио МОФ и Види Вака наградени за новинарски стории на тема поврзани со загадувањето на воздухот наградата „Гласник на невидливите“, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство,Радио МОФ е добитник на наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ како и наградата „Жан Моне“.Новинарки на Радио МОФ ја добија наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија За својата работа, медиумот ја има освоено и наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро - Роберто Беличанец“.Радио МОФ добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Медиумот функционира во рамки на невладината организација Младински образовен форум (МОФ).Младински образовен форум - Мисија и цели

Радио МОФ и МОФ се организатори на единствената Конференција за социјален активизам „Енгејџ“ во Македонија, која се одржува од 2012 година.

Надворешни врски Официјално мрежно место Радио МОФ во живо

Наводи

Категорија:Медиуми