Градско мандолинско друштво „Свети Никола“ ― културно-уметничко друштво од Свети Николе. Здружението постои од 2004 година и работи со цел развивање на културата и музиката кај младите во градот и пошироко, преку одржување на редовни оркестарски проби и јавни настапи и концерти во градот, државата и надвор од неа.

Историја Создадено е од членови ентузијасти во септември 2004 година, кои уште од најрана возраст се сретнале со мандолината и гитарата, музицирајќи во училишни оркестри под диригентската палка на музичкиот педагог г-дин Кирил Трајковски. Здружението е заведено во судскиот регистар во Свети Николе како Градско мандолинско друштво „Свети Никола“ - Свети Николе.

Претседатели на ГМД „Свети Никола“ - Свети Николе Во осумнаесет годишното дејствување на ГМД „Свети Никола“ од Свети Николе на функцијата претседател ја извршувале: Професор по одделенска настава- Слаѓана Маџова 13 години: 2004–2018 Д-р Билјана Ефтимова: 2018-2022

Аранжмани низ историјата маестро проф.Кирил Трајковски проф. Љупче Златев проф. Баже Стефановски

Состав Членови кои моментално свират во Мандолинскиот Оркестар:

Прва мандолина: Баже Стефановски, Билјана Ефтимова, Илинка Десподовска, Славица Иванова, Надица Арсова, Марјан Кировски

Втора мандолина: Валентина Ташева, Слаѓана Маџова

Трета мандолина: Катерина Коцева, Весна Гонева, Михаела Јорданоска

Мандоли: Јанко Вукадинов, Дејан Стојановски, Киро Јорданоски, Зоран Солтировски

Ритам секција: бас: Благојче Томевски, Љупче Златев; гитара: Антонио Миланов, Стефанија Владева, Бојана Коцева, Никола Митев, Томислав Арсовски, тапани: Филип Арсовски

Вокален солист: Ненад Јованов (тенор).

Настапи и гостувања на ГМД „Свети Никола“

Секоја година од своето постоење мандолинското друштво ГМД „Свети Никола“ одржува „Новогодишен концерт“ во Свети Николе.

Освоени награди: Второ место во категоријата „Нова композиција“ на фестивалот „Mandolina Imota“, Имотски, 2005 година; 14 Септемвриска награда, Свети Николе, 2005 година; Благодарница за даден придонес за одржување на Меморијален турнир во чест на Александар Серафимов, 2007 година; Награда за најдобар оркестар на фестивалот „Mandolina Imota“, Имотски, Хрватска, 2008 година; Благодарница за учество на отворањето на Музичката школа, Змијавци, Хрватска, 2008 година; Благодарници и пофалници од фестивалот „Viva Tremolo“ во Пазарџик, Бугарија; Признание за најдоброто од областа на културата според ЗНМ - Регионален центар на новинари - Исток Штип, Македонија;

Настапи и гостувања: Новогодишен концерт во Битола, 2004 година Новогодишен концерт во Свети Николе, 2005-2022 година Учество во културна програма по повод 14 Септември - ден на ослободување на град Свети Николе, 2005, 2006, 2008-2012, 2014, 2022 година Концерт по повод празникот Свети Никола во Свети Николе, 2005, 2006, 2008-2011, 2013, 2015, 2017 година Настап на промоција на книга на д-р Борис Стојковски, 2005 година Гостување на МРТ во емисијата „Програма на градовите“ со градоначалникот Слободан Даневски, 2006 година Настап на изложба на слики на г-дин Павле Кузмановски, 2007 година Новогодишни концерти во Штип и Охрид, 2008 година Гостување во збратимениот град Ќиќевац, Србија, 2007 година Успешно реализиран Проектот од национален интерес, од областа на музичката и музичко-сценската дејност, 2009 година Настап на Меѓународен мандолински фестивал „Viva Tremolo“, Пазарџик, Бугарија, 2009-2011, 2014 година Настап на фестивалот „Охридски староградски средби“, Охрид, 2014 година Самостоен концерт во Дом на Култура „Крсте Петков Мисирков“, јуни 2014 година „Топол културен бран“ - меѓународен оркестар од Свети Николе-Петрич-Пазарџик, 2014 година Учество на Пирински звуци, Благоевград 2014 година Учество на Скопско културно лето, Концерт по повод 30 годишна дејност на музичарот Зоран Митев - фагот од Словенија, 2015 година Концерт со г-дин Зоран Митев, Свети Николе и Кавадарци, 2015 Учество на доделување награди за писатели на Меѓународен Славјански униветзитет „Гаврило Романович Державин“, 2015 година Промоција на книга за „Била Зора“ од д-р Драги Митревски, 2016 година Заеднички настап со оркестри од Петрич и Сандански, Дојран 2016 Награда од новинари од источна Македонија за долгогодишна дејност, 2017 година Јубилеен концерт „50 години музицирање- маестро Кирил Трајковски“- со делата „Под Источно небо“, 2018 година со учество на мандолински оркестар „Елена Генова“, Пазарџик, г-дин Васил Атанасов - обоа, г-дин Александар Гошев - хорна, ноември 2018 година Меморијален концерт „Елена Генова“, Пазарџик, Бугарија, мај 2019 година Учество на концерт 100 години читалиште „Отец Пајсиј“, Сандански, Бугарија, 2019 година Божиќен концерт, Петрич, декември 2019 година Меморијален концерт „Ненад Арсов“, Јуни 2021 година Концерт за ослободување на градот 14 Септември, 2022 година

Надворешни врски Службена страница на Друштвото

Категорија:Култура на Свети Николе Категорија:Македонски здруженија Категорија:Музички организации во Македонија