„Глас на Егејците“ — весник на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија, излегувал од 1 септември 1950 до мај 1954 година во Скопје, Социјалистичка Република Македонија, а моментално се издава во Скопје.

Од 37. број во 1953 година, весникот станува орган на Сојузот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Се објавува двапати месечно, во формат 45x34 cm. Главен уредник и одговорен за весникот е етнографот Тодор СимовскиЛитовски, Александар. Јубилеен календар од егејскиот дел на Македонија во 2010, стр.72-73. Главните теми за кои се зборува на страниците на весникот се минатото на Егејска Македонија, конкретно Граѓанската војна во Грција и судбината на бегалците од областа . Друг главен уредник на весникот е историчарот Христо Андоновски Почина новинарот и публицист Христо Андоновски, Утрински весник, 16 октомври 2006. . Последниот 46. број бил објавен во мај 1954 година.

Во 2004 година, издавањето на „Глас на Егејците“ е обновено како списание.СОЈУЗ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈОТ „МАКЕДОН“:70 ГОДИНИ ОД ГРЧКО-ИТАЛИЈАНСКАТА ВОЈНА , преземено од radiolav.com.mk на 28.04.2012 г.

Наводи

Категорија:Македонски списанија Категорија:Појавено во 1950 година во Македонија