мини|Скијачка патека во Серфаус, Австрија Скијачка патека е специјално подготвена и означена снежна површина, патека, или планинска удолница наменета за скијање.

Одржување Патеките обично се одржуваат со помош на возила познати како снеготапкачи кои го набиваат или „ дотеруваат“ снегот за да се изедначат условите на патеката, за да се отстранат тумбите и да се прераспредели снегот со цел за да се продолжи скијачката сезона. На почетокот од сезоната или кога снежната покривка е мала кон природниот снег честопати се придодава и вештачки снег со машини за правење снег.

Рангирање Обично, оценувањето на скијачките патеки го врши одморалиштето, а оценките се во однос на другите патеки во истото одморалиште. Така, патеките не се класифицирани според независен стандард и скијачите треба да бидат претпазливи.

Стрмнината на скијачките патеки обично се мери во степени (како процент) а не со степени од агол. Општо земено, падините за почетници (зелен круг) се помеѓу 6% и 25% степени. Средните падини (син квадрат) од 25% до 40%. Тешките падини (црн дијамант) се над 40%. Патеката се оценува според нејзиниот најтежок дел, иако остатокот од патеката може да е полесен. При оценувањето одморалиштето може да ја земе предвид ширината на патеката, најострите свијоци, грубоста на теренот и дали патеката е редовно уредена.

Европа

+Оценки за тежина на скијачките патеки во Европа, со исклучок на Скандинавија Рангирање на скијачките патеки Тежина Опис Зеленаалт=Green|64x64пкс|Зелена За учење/почетник Само во Франција, Полска, Шпанија и Велика Британија .Овие патеки обично не се обележани, и обично се големи, отворени, благо наведнати области во подножјето на скијачката област или се патеки меѓу главните патеки. Синаалт=Blue|64x64пкс|Сино Лесна Обично секогаш се одржувани. Степенот на наклонот обично не надминува 25%. Црвенаалт=Red|64x64пкс|Црвено Средна Пострмни или потесни од сините патеки, и обично се одржуваат, освен ако теснотијата на патеката не го дозволува тоа. Степенот на наклонот обично не надминува 40%. Црнаалт=Black|64x64пкс|Црното Напредно или експертско Стрмни, може но не мора да се уредуваат. Во Австрија, Италија и Швајцарија црните патеки скоро секогаш се уредени, затоа што неуредените патеки се означени како скијачки рути или маршрути (види подолу); во Франција, некои црни патеки се уредени, но повеќето не се. Црната скијачка патека може да биде класифицирана на повеќе начини, почнувајќи од незначително потешка падина од црвената, до многу стрмни падини како озлогласените Couloirs of Courchevel. Портокаловаалт=Orange|64x64пкс|Портокалова Екстремно тешка Само Австрија, Швајцарија и некои други области.Само во некои области портокаловата боја се користи за обележување на патеки кои се потешки од црните. Жолтаалт=Yellow|64x64пкс|Жолта Скијачка рута, илиРута за слободно скијање Од неодамна многу области ги прекласифицираа некои црни падини во жолти падини. Станува збор за неуредени и непатролирани рути кои не се дел од скијачките патеки, но се обележани и заштитени од лавини. Познати вакви примери се областа Стокхорн во Цермат и падините Тортин во Вербие. Во Австрија, скијачките рути обично се означени со портокалови квадрати. Исто така, понекогаш ваквите патеки се обележуваат со црвена баклава или црвена баклава со црн раб кој означува уште потешка патека. Портокалов квадраталт=Orange square|64x64пкс|Портокал квадрат Црвена баклаваалт=Red diamond|64x64пкс|Црвен дијамант Црвена баклава со црн рабалт=Red diamond with black edges|64x64пкс|Црвен дијамант со црни рабови

Скандинавија Во Норвешка, Шведска и Финска, се користи сличен систем на бои како и во остатокот од Европа, но со различни форми. +Оценки за тежина на скијачките патеки во Скандинавија Писта рејтинг Ниво на тешкотија Опис Зелен кругалт=Green circle|64x64пкс|Зелен круг Многу лесна Наклон до 9° (16%). Син квадраталт=Blue square|64x64пкс|Син квадрат Лесна Наклон до 15° (27%). Црвен правоаголникалт=Red rectangle|64x64пкс|Црвен правоаголник Умерено тешка Наклон до 25° (47%). Црн дијаманталт=Black diamond|64x64пкс|Црн дијамант Тешка Над 25° (47%) наклон. Троен црн дијамант, исто така, може да се користи во некои области. Двоен црн дијаманталт=Double black diamond|64x64пкс|Двоен црн дијамант Многу тешка

Наводи

Категорија:Скијачки центри Категорија:Скијачка опрема