врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b2/1891_Monet_The_four_trees_anagoria.JPG/250px-1891_Monet_The_four_trees_anagoria.JPG|десно|мини|250п|Четири дрвја, (четири тополи на бреговите на реката Епт кај Живерни), 1891 година, Метрополитен. Тополи ― циклус слики од Клод Моне кои биле направени во летото и есента 1891 година. Дрвјата биле во мочуриште покрај бреговите на реката Епт, неколку километри возводно од домот и студиото на Моне. За да стигне до неговото пловечко сликарско студио кое било закотвено на место, отишол со мал брод по блискиот воден пат до каде што се приклучувал на главниот тек. Дрвјата биле по должината на реката во еден тек, следејќи ја кривата Ѕ. Имала три групи слики - во едната група сликите имаат високи тополи кои излегуваат од горниот раб на платното, во друга група има седум дрвја и во друга група три или четири тополи на бреговите на реката Епт кај Живерни. Дрвјата, кои всушност и припаѓале на комуната Лимец, биле ставени на аукција пред Моне да ги заврши сите негови слики. Во одреден момент, Моне бил принуден да ги купи дрвјата бидејќи сè уште не бил завршен со своите слики. Откако го завршил циклусот, ги продал дрвјата назад на трговецот со граѓа кој ги посакувал.Forge, Andrew, and Gordon, Robert, Monet, Harry N. Abrams, Inc., 1989, pp. 164-176.

Галерија

Јавен приказ Во 2015 година, Националната галерија во Лондон изложила пет слики од циклусот, заедно во една соба, за време на траењето на изложбата посветена на Пол Диран-Руел. Ова било ретка појава и се верувало дека е можеби првпат овие пет слики да бидат изложени заедно откако се насликани.

Сликите беа прикажани и во Музејот на уметност во Филаделфија кога изложбата патувала од Лондон до Филаделфија.

Наводи

Надворешни врски

Годините на Моне во Живерни: Надвор од импресионизмот, каталог на изложби целосно на интернет како PDF од Метрополитен музејот на уметноста, кој содржи материјал за овој циклус

Категорија:Слики од Клод Моне Категорија:Циклуси слики од Клод Моне Категорија:Слики во збирката на Музејот Метрополитен Категорија:Слики во збирката на Музејот на уметност Филаделфија Категорија:Слики од 1891 година