Poslovni dnevnik Finance (Пословни дневни Финанце; во превод Дневен весник Финанце) ― единствениот дневен словенечки деловен и финансиски весник. Идејата за да се објави веќе била предложена од Изток Јуранчич пред 1991 година, кога Словенија ја прогласила својата независност. Сепак, тоа било реализирано дури во 1992 година. Најпрво весникот го издавала стопанското друштво Gospodarski Vestnik. Денес, го издава друштво Časnik Finance, која е во сопственост на шведската групација Bonnier Group и исто така објавувала неколку други публикации; на пример, списанијата Manager и Moje finance, здравствениот весник Medicina danes и мрежните портали Finance и Mojevro. Од 2008 година, Finance Business Daily изнесувала три четвртини од приходот на друштвото Časnik Finance. Пред да стане дневен весник во 2002 година, Finance бил издаван двапати неделно.
Историја Првиот број на Finance бил објавен на 20 мај 1992 година. Тој е со седиште во Љубљана. Весникот првично бил двонеделник.
Во 1993 година имал над 2.000 претплатници. Во 1994 година, Gospodarski Vestnik го назначила Петер Франкл за свој директор. Во 1999 година било основано стопанското друштво Časnik Finance. Била во сопственост на Gospodarski Vestnik (50%), Dagens Industrie (45%) и неколку физички лица (5%). Директор на друштвото беил Јуриј Џакомели. Интернет верзијата на весникот започнала во октомври 2000 година.
Во 2002 година, Finance станал дневен весник, и визуелниот дизајн бил променет исто така. Во 2005 година, сопственик на друштвото Časnik Finance (99,59%) станал Bonnier Business Press AB, претходно наречена Dagens Industrie. Во 2006 година сопственикот го назначиl Пeтер Франкл за директор на Časnik Finance. Тој, исто така, останал главен уредник.
Во 2003 година, Finance имал тираж од 10.000 примероци. Тиражот на весникот во 2007 година бил 15.200 примероци. Според податоците на СОЗ РПН за последниот квартал од 2017 година, Finance имал печатен тираж од 7.823 примероци од кои биле продадени 5.842 примероци. Во истиот период, Finance имале 4.141 електронски претплати.
Етички кодекс Новинарите од Finance донеле етички кодекс, наречен Кодекс на новинарите на весникот Finance . Главно се засновал на Етичкиот кодекс на словенечките новинари, со додавање на неколку написи поврзани со финансиското новинарство.
Наводи
Надворешни врски
Интернет издание на Finance Категорија:Весници објавувани во Словенија Категорија:Појавено во 1992 година во Словенија Категорија:Bonnier Group Категорија:Деловни весници Категорија:Масовни медиуми во Љубљана Категорија:Публикации појавени во 1992 година Категорија:Весници на словенечки јазик Категорија:Деловно работење во Словенија Категорија:Статии со извори на словенечки (sl)