Дивеч — животно ловено за храна или кое не е домашно животно (како срнешко). Дивечот се лови и од спорт.
Видовите и опсегот на животни кои се ловат како дивел се разликува во различните делови на светот. Тука, факторите на влијание се климата, животинскиот диверзитет, локалниот вкус и локално прифатениот став за тоа што може, а што не може законски да се лови. Понекогаш се прави разлика и помеѓу видовите на едно животно, како дива и домашна мисирка. thumb|Обичен фазан, птица насекаде ловена како дивеч
Дивеч по регион Ве некои земји дивечот се класификува во зависност од потребната дозвола за негово ловење, како ситен дивеч и крупен дивеч. Во ситниот дивеч спаѓаат мали животни и птици, како што се зајакот, фазанот, гулабот, гуската и патката. Со дозволата за ситен дивеч можат да се ловат сите такви животни но е предмет на дневни и годишни бројчени ограничувања. Во крупниот дивеч спаѓаат животни како срна, мечка и лос и обично за секое животно треба посебна дозвола. Голем дивеч понекогаш значи исто што и крупен дивеч, но во други контексти значи, големи африкански цицачи (како слонот) кои се ловат главно за трофеј, а не за храна.
Австралија thumb|right|Црвен кенгур Во Австралија како дивеч се лови: Азиски бивол Бантенг Дива свиња Дивокоза Елен Зајак Кенгур Крокодил кој е сега забранет да се лови, туку се одгледува Патка Црно-бела гуска
Африка thumb|right|Африкански бивол Во Африка се ловат следниве животни: Разни видови на антилопа Африкански бивол Гну Дујкер Зебра Импала Куду Лав Леопард Носорог Орикс Слон Хиена Шакал
Некои од овие животни се загрозени или поинаку заштитени, па затоа нивното ловење е забрането.
Во Африка животните кои се ловат за крзно или иворит понекогаш се нарекуваат голем дивеч.
Обединето Кралство thumb|Ловни птици на пазар во Лондон Во Обединетото Кралство дивечот е дефиниран со закон. Такви животни се:
Алпска кокошка Обичен фазан Полска еребица (и црвенонога еребица) Полски зајак Црвен тетреб Црн тетреб
Елени кои се ловат во земјата се:
Воден елен Елен лопатар Обичен елен Пегав елен Срна Мунџак и хибриди на тие елени
Други животни кои се ловат во Обединетото Кралство се:
Гулаб гривинаш Гуска, во која спаѓаат дива гуска, канадска гуска, розовонога гуска и во Англија и Велс белочелна гуска Зајак Бекасина Патка, во која спаѓаат дива патка, цуцулеста потопница, берија, патка ластовичарка и кафеноглава потопница Тропски дождосвирец Шлука
Северна Америка Во САД, Мексико и Канада, најчесто ловен крупен дивеч е еленот. На тој континент за дивеч се смета: thumb|right|Вирџиниска препелица, важна ловна птица во Северна Америка Алпска кокошка Бафало Бизам Верверица Вилорога антилопа Волк Гулаб Гуска Дабар Див зајак Дива свиња Елен Еребица Зајак Ирвас Канадски жерав Којот thumb|right|Белоопашест елен Лебед Лисица Лос Мечка Мисирка Муфлон Опосум Патка Пекари Препелица Ракун Северен елен Снежна коза Снежна овца Тетреб Фазан Чукар Шлука Поврзано Лов Лов на патки Риболов Орнитологија Диви животни Светско ловечко здружение Ловец-собирач Загрозен вид
Категорија:Лов Категорија:Месо Категорија:Живина