Јоже Хумер (24 јуни 1936 – 13 јуни 2012 година) ― словенечки композитор, хорски мајстор, текстописец, преведувач и културен организатор.

Историја Бил роден во Марибор. Тој ја посетувал месната гимназијата, а потоа студирал и дипломирал право. Тој го основал Камерниот хор „Љубљански мадригалисти“ и го предводел Академскиот хор „Тоне Томшич“ и Октетот „Галус “ во Љубљана. Бил претседател на Љубљанската музичка младина, обновувач на Љубљанското музичко друштво и претседател на Сојузот на културни организации на Словенија. Напишал и превел стотици либрета и други стихови за деца, хорови и солисти. За својата работа во 1999 година го добил Златниот медал на Словенечкиот јавен фонд за културни дејности. Тој исто така бил судија, секретар на Врховниот суд на Словенија, и вклучен во правните и организациски аранжмани во областа на културата во 1980-тите и за време на отцепувањето на Словенија од Југославија. Подоцна, како стручњак соработувал со словенечкиот Уставен суд. Во март 2012 година, тој бил одликуван од словенечкиот претседател Данило Тирк со Орден за заслуги на Словенија, со образложение што го опишало како „натпросечно заслужна личност на словенечкиот културен живот“.

Наводи

Категорија:Родени во 1936 година Категорија:Починати во 2012 година Категорија:Словенечки класични композитори Категорија:Словенечки машки музичари Категорија:Словенечки диригенти Категорија:Словенечки преведувачи Категорија:Словенечки лиричари Категорија:Словенечки судии од 20 век Категорија:Словенечки судии од 21 век Категорија:Музичари од Марибор Категорија:Смрт од рак во Словенија Категорија:Преведувачи од 20 век Категорија:Никулци за словенечки музичари