Искра ― весник, орган на Реонскиот комитет на КПГ за Караџова.

Излегувал од септември 1943 година до крајот на октомври 1943 година. Се печател во печатница во Воден, се појавил седумпати, во мал формат, на македонски јазик (караџовски дијалект), но со грчки букви. Третирал проблеми од антифашистичката борба.

Наводи

Категорија:Македонски весници Категорија:Македонија во Втората светска војна