Елена Доцевска Божиновска (родена на 23 јуни во Куманово) - македонски политичар и тековен член на Советот на Општина Куманово од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Кариера Доцевска Божиновска е дипломиран правник со положен правосуден испит, раководител на Одделение за библиотека во Собранието на Република Македонија. Таа била првенец на генерација, во средношколски и студентски денови ангажирана во невладини организации, бројни еко-проекти, и проекти на НРИО Наш Весник и Радио Телевизија Куманово, ЗНМ и проектот „Булевар“. Таа е сопруга и мајка на две деца.
На функцијата советник во Советот на Општина Куманово доаѓа како носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2021 година.
Наводи
Категорија:Политичари од Куманово