Масовна повеќеиграчка семрежна игра (), скратено MMOG или MMO — семрежна игра во која голем број играчи дејствуваат едни со други во „постојан“ играчки свет, расположен на играчки опслужувач. Главната разлика помеѓу MMO и повеќестандардни семрежни игри се два фактори:
MMO работи исклучиво преку семрежјето — стандардните повеќеиграчки игри можат да работат, покрај семрежјето, и преку месна мрежа. ММО се играат истовремено од неколку десетици до илјадници луѓе што имаат можност да општат едни со други — бројот на истовремени учесници во стандардните повеќеиграчки игри обично се движи од неколку стотици до неколку десетици луѓе.
Главни видови ММО
По жанр Семрежните игри се поделени на два големи вида:
Служба „Барање на соиграч“, односно играње пукачки игри од прво лице, автосимулатори и други традиционални игри со можност за наоѓање соиграч на семрежјето (ова не вклучува шах, покер итн.). Семрежен свет (англ. Online World) — игра во која суштествуваат голем број ликови во еден виртуелен свет. За возврат, семрежните светови може да се поделат на: MMORPG — масовна повеќеиграчка игра со улоги. MMOFPS — масовна повеќеиграчка пукачка игра од прво лице. MMOSG — масовна повеќеиграчка друштвена игра. MMORG — масовна повеќеиграчка тркачка игра. Масовна стратегиска игра (како воена, така и економска). Како подвид: спортски менаџери. Масовни квизови. И други, поретки видови. На пример, воени симулатори, авиосимулатори и авиоразводни служби.
Често, границите на жанровите се нејасни. На пример, во многу современи MMOFPS има RPG-состојки — играчот може да подобри различни особености на неговиот лик, да отклучи ново оружје и опрема, и да научи вештини.
Според видот на клиентот Клиентската програма може да биде:
Особена клиентска програма (на пример, World of Warcraft, Eve Online). Терминална програма (MUD-клиент). Прелистувач (поединечни проекти, на пример, OGame, игри за социјални мрежи). IRC-клиент (на пример во квиз-игрите). Jabber-клиент.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Видеоигри Категорија:Масовни повеќеиграчки семрежни игри Категорија:Жанрови на видеоигри