Ѓерасим Кирјази (, – ) — албански протестантски проповедник и просветител. Тој е основач на Евангелистичката црква на Албанија (Vëllazëria Ungjillore e Shqipërisë) и на Косовската протестантска евангелистичка црква. Тој исто така го основал првото албанско училиште во модерно време во 1887 година во Корча, Албанија, тогаш дел од Отоманското Царство.
Животопис Кирјази учел во грчко училиште во неговиот роден Манастир (денешна Битола), Македонија. Потоа заминал во Самоков, Бугарија, каде учел на Американскиот колеџ. По завршувањето на школувањето, во 1883 година, започнал да работи за Британското и странско библиско друштво во Корча.
На 15 ноември 1884 година, додека патувал кон Охридското Езеро, бил киднапиран од бандити, кои го држеле за откуп повеќе од една година. Оваа епизода била раскажана од Ѓерасим во Заробени од разбојници и објавена по неговата смрт на англиски јазик во 1901 година.
Во 1889 година, тој го нарачал печатењето на книгата Битие и Евангелието по Матеј на тоскиски албански јазик и Евангелието по Матеј на влашки, кои биле отпечатени од „Дитурија“ во Букурешт во име на Британското странско библиско друштво.
Се оженил со Атина Микелидин, ќерка на пасторот на евангелската црква во Солун, Ставри Микеледин, со која го имале синот Стефан. Жена му умрела кратко по раѓањето на синот, на 24 декември 1891 година.
Во 1891 година, првото албанско училиште за девојки во Корча го основале Кирјази и неговата сестра Севасти Кирјази. Имал и помлада сестра, Параскеви Кирјази, која почнала да работи во женското училиште ( кога имала само 11 години.
Починал на рана возраст од плеврит, кој го добил за време на неговото заробеништво.
Дела Покрај „Заробени од разбојници“, Кирјази напишал граматика на албанскиот јазик, поезија, песни и училишни книги. Избор од неговите дела е објавен од неговиот брат, Герг, во збирката Hristomathi a udhëheqës për ç'do shtëpi shqiptari (Манастир, 1902). Двајцата браќа заедно ја напишале збирката песни Kënkë të shenjtëruara (Манастир, 1906).
Награди „Учител на народот“ - Социјалистичка Народна Република Албанија, 1987 година „Орден на слободата од прв ред“ - албански, 1992 година
Литература Quanrud, John, Gerasim Kyrias: and the Albanian National Awakening 1858-1894, Institute for Albanian and Protestant Studies, 2016.
Наводи
Надворешни врски Development of the Protestant church amongst Albanians (Kosova Protestant Evangelical Church) Biografia e Gjerasim Qiriazit (1858-1894)
Категорија:Албанци од 19 век Категорија:Албански писатели Категорија:Македонски Албанци Категорија:Статии со извори на албански (sq) Категорија:Кирјази