Чедомир Митевски (роден на 1 декември 1993 во Куманово) ― македонски глумец.
Образование Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, во класата на професорот Зоја Бузалковска.
Улоги
Претстави 2013 година: Играл главна улога во „Аудиенција“. 2015 година: Играл повеќе ликови во детската претстава „Библија". 2016 година: Го играл ликот Џо Келер во „Сите мои синови“. 2016/17 година: Го играл ликот Аслаксен во „Народен непријател". Играл затворски чувар во „Системска грешка“ („System Error“) 2017 година: Играл главна улога во претставата „На погрешно место во погрешно време“ во Театар Куманово. Улогата на таткото во „Хадерсфилд“. Дадилка во „Елка кај Иванови“. 2018 година: Играл во улогите на Мајкл/Ричард во „The Big Chill“ 2019 година: Главна улога во дипломската претстава „Бела болест“ и „Како се прави човек“.
Филмови
„Јас не сум Игор“, режија на Сергеј Георгиев, 2017, „Црни и криви“, режија на Марко Џамбазовски (дипломски филм), 2018, „Врба“, режија Милчо Манчевски, 2019, „Тајниот изум“, режија Дина Дума, 2022, Утре наутро", режија Јани Бојаџи, 2025.
Телевизиски серии
„5+ фамилија“, ОХО продукција, 2015, „Преспав“, ОХО продукција, 2016, „Дајте музика“, продукција МТВ, 2019, „Куќен притвор“, ОХО продукција, 2022, „Бистра вода“, продукција Телевизија Алфа, 2023, "Утре наутро", продукција Телевизија Алфа, 2026.
Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Глумци од Куманово Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје