M96 (група M96 или група Лав I) — галактичка група во соѕвездието Лав. Содржи помеѓу 8 и 24 галаксии, меѓу кои Месјеови објекти. Го опфаќа и Лавовиот Прстен. Ова е една од бројните групи во суперјатото Девица (кое ги здружува Месната Група и јатото Девица).
Членови Во долуприкажаната табела се наведени галаксиите заведени како членови во Каталогот на блиски галаксии, прегледот на Фок и др., каталогот „Лионска група на галаксии“ (LGG), и трите списоци на групи составени од примерокот „Блиски оптички галаксии“ на Џуричин и др.
+Членови на групата M96 Име Тип Рек. (J2000) Дек. (J2000) Црвенопомест. (км/с) Привиднавеличина M95 SB(r)b 778 ± 4 11,4 M96 SAB(rs)ab 897 ± 4 10,1 M105 E1 911 ± 2 10,2 NGC 3299 SAB(s)dm 641 ± 6 13,3 NGC 3377 E5.5 665 ± 2 11,2 NGC 3384 SB(s)0 704 ± 2 10,9 NGC 3412 SB(s)0 841 ± 2 11,5 NGC 3489 SAB(rs)0 677 ± 2 11,1 Лавов Прстен H I-подрачје 960 ± 80
Блиски групи мини|Групата M96 ги содржи и сјајните галаксии Месје 105 и Месје 95. Лавовата Тројка, која ги вклучува спиралните галаксии M65, M66 и NGC 3628, е сместена физички блиску до групата M96. Некои алгоритми за утврдување на припадноста ја сметаат Лавовата Тројка дел од групата M96. Двете групи впрочем може да бидат посебни делови на многу поголема група.
Поврзано Лав II (галактички групи) Девица II (галактички групи) Девица III (галактички групи)
Наводи
Надворешни врски
Галактичката група Лав I
Категорија:Лав (соѕвездие)