Лигни (науч. Teuthida, погрешно: лигњи) или каламари — ред главонози мекотели. Имаат 8 кратки и 2 подолги пипала, сите со смукалки на нив. Длабоководните видови имаат блескави точки на нивната кожа. Најголемиот вид — колосалната лигна, достигнува должина до 14 м. Ја зграпчуваат жртвата со долгите пипала. Потоа ја вовлекуваат во нивните кратки пипала, кои цврсто ја држат додека не ја изедат. Имаат одличен вид. Тоа им помага успешно да ловат. Кога се нападнати, тие исфрлаат облак од материја, слична на мастило, за да го збунат напаѓачот.

Наводи

Надворешни врски

CephBase: Teuthida Scientific American – Giant Squid The Octopus News Magazine Online

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Лигни