Љубомир Бранѓолица (Херцег Нови, 19 август 1932 - Скопје, 23 јули 2023) — македонски композитор и автор на филмска музика.
Во 1946 година, тој се запишал во Военото музичко училиште во Загреб. Своето средно музичко образование, тој го завршил во Риека.
Од 1950 до 1954 година, тој работел во Уметничкиот ансамбл на ЈНА во Белград. Во Македонија, тој дошол во 1954 и работел во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје. Почнувајќи од 1957 година, тој бил сорепетитор во Балетот при Македонскиот народен театар, а потоа добил статус на слободен уметник до 1966 година, кога се вработил во Македонската радио-телевизија како продуцент, музички работник и уредник на Музичката програма на Македонската телевизија. Во меѓувреме, тој дејствувал како пијанист и како балетски критичар.
Како автор на филмска музика, тој дебитирал во 1964 година, со музиката за документарниот филм „Кеј 13 Ноември“, по што следело негово учество и во други документарни и играни филмови.
На 18 март 2006 година, композиторот Љубомир Бранѓолица ја добил и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“, која ја доделува Сојузот на композиторите на Македонија.Балетското творештво на Љубомир Бранѓолица
Наводи
Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Починати во 2023 година Категорија:Луѓе од Херцег Нови Категорија:Македонски композитори Категорија:Југословенски композитори Категорија:Македонски продуценти Категорија:Југословенски продуценти Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници Категорија:Македонски пијанисти Категорија:Југословенски пијанисти Категорија:Македонски балетски критичари Категорија:Југословенски балетски критичари Категорија:Членови на СОКОМ Категорија:Добитници на наградата „Трајко Прокопиев“