мини|десно|250п|Краците на Млечниот Пат Рамнилов Крак — помал спирален крак на Млечниот Пат близу средиштето на галаксијата. Бнатрешниот дел на кракот се нарекува Рамнилов Крак во потесна смисла. Надворешниот дел се нарекува или Лебедов Крак, кој се наоѓа вон Персеевиот Крак или Надворешен Крак, подалеку од средиштето на галаксијата од Лебедовиот Крак. Рамниловиот Крак почнува на од Галактичкото Средиште, и се протега нанадвор до полупречник од . Наречен е по соѕвездието Рамнило низ кое поминува кога се гледа од Земјата.

Како и многу други галаксии од тој тип, Млечниот Пат се има голема маса ѕвезди обликувани од гравитацијата во релативно рамен диск. Дискот се врти, при што ѕвездите во погустиот средиштен дел се вртат побрзо од оние по неговите рабови. Поради ова, ѕвездите се распоредени во спирален облик кога дискот се набљудува одозогора или одоздола.

Поради месните гравитациски разлики, самата голема спирала има образувано одделни спирални краци каде се среќаваат особено голем број ѕвезди.

Поврзано Галактички диск

Наводи

Категорија:Краци на Млечниот Пат Категорија:Галактичка астрономија Категорија:Спирални галаксии