+ Откриени астероиди: 66  погл. Список на откриени астероиди

Ежен Жозеф Делпорт (, – ) — белгиски астроном од Женап, Валонија.

Открил вкупно 66 астероиди. Меѓу нив позначајни се 1221 Амор (по кој се наречени аморските астероиди) и аполонскиот астероид 2101 Адонис. Бил откривач или сооткривач на комети, вклучувајќи ја периодичната комета 57P/ди Тоа-Неујмин-Делпорт. Работел во Кралската опсерваторија на Белгија во градот Укел (по кој е наречен астероидот 1276 Уклија), каде се вработил во 1903 г. откако докторирал на Бриселскиот слободен универзитет истата година.

Во 1930 г. ги исцртал современите граници меѓу сите соѕвездија на небото според ректасцензијата и деклинацијата за епохата B1875.0.

Во негова чест се наречени флорскиот астероид 1274 Делпортија (чиј откривач е тој самиот) и ударниот месечев кратер Делпорт.

Список на откриени астероиди

1052 Белгика 15 ноември 1925 1068 Нефертити 13 септември 1926 1122 Нејт 17 септември 1928 1124 Стробантија 6 октомври 1928 1128 Астрид 10 март 1929 1145 Робелмонт 3 февруари 1929 1168 Брандија 25 август 1930 1170 Шива 29 септември 1930 1176 Лусидор 15 ноември 1930 1199 Гелдонија 14 септември 1931 1217 Максимилијана 13 март 1932 1221 Амор 12 март 1932 1222 Тина 11 јуни 1932 1239 Кетлета 4 февруари 1932 1261 Легија 23 март 1933 1274 Делпортија 28 ноември 1932 1276 Уклија 24 јануари 1933 1280 Бајода 18 август 1933 1285 Жилјета 21 август 1933 1288 Санта 26 август 1933 1290 Албертина 21 август 1933 1291 Фрина 15 септември 1933 1293 Соња 26 септември 1933 1294 Антверпија 24 октомври 1933 1329 Елијана 23 март 1933 1341 Едме 27 јануари 1935 1350 Роселија 3 октомври 1934 1361 Лојшнерија 30 август 1935 1363 Херберта 30 август 1935 1366 Пиколо 29 ноември 1932 1374 Изора 21 октомври 1935 1375 Алфреда 22 октомври 1935 1388 Афродита 24 септември 1935 1401 Лавона 22 октомври 1935 1433 Герамтина 30 октомври 1937 1476 Кокс 10 септември 1936 1486 Мерилин 23 август 1938 1491 Балдуин 23 февруари 1938 1493 Сигрид 26 август 1938 1543 Буржоа 21 септември 1941 1560 Стратонија 3 декември 1942 1664 Феликс 4 февруари 1929 1672 Гезеле 29 јануари 1935 1698 Кристоф 10 февруари 1934 1707 Шантал 8 септември 1932 1711 Сандрин 29 јануари 1935 1722 Гофин 23 февруари 1938 1724 Владимир 28 февруари 1932 1754 Канингем 29 март 1935 1848 Делво 18 август 1933 1878 Хјус 18 август 1933 1926 Демиделар 2 мај 1935 2101 Адонис 12 февруари 1936 2213 Меес 24 септември 1935 2276 Варк 18 август 1933 2331 Парвулеско 12 март 1936 2534 Узо 2 ноември 1931 2545 Вербист 26 јануари 1933 2713 Луксембург 19 февруари 1938 2819 Енсор 20 октомври 1933 2913 Хорта 12 октомври 1931 3534 Сакс 15 декември 1936 3567 Алвема 15 ноември 1930 3605 Дави 28 ноември 1932 6354 Вангелис 3 април 1934 7043 Годар 2 септември 1934

Наводи

Категорија:Белгиски астрономи Категорија:Откривачи на астероиди Категорија:Откривачи на комети