Каврачки манастир — манастир во североисточниот дел на Македонија, во близина на селото Каврак.

Местоположба

Се наоѓа во близина на регионалниот пат 29271, од каде се двои асфалтен пат до манастирот.

Градби

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, конак, чешма и помошни објекти.

Црква „Св. Петка“

Црквата е единствениот храм во манастирот.

Параклис „Св. Илија“

Во непосредна близина на црквата се наоѓа и параклисот „Св. Илија“.

Конаци

Во 2016 година, манастирот добил конак изграден со донација од холандската амбасада, швајцарската агенција за развој и Општина Кратово.

Наводи

Категорија:Каврак Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Кумановско-осоговската епархија