мини|400п|Природниот прираст на населението, од Светската книга на факти на ЦИА, 2017 година. Во демографијата, стапката на природен прираст (СПП), позната и како природна промена на населението, се дефинира како стапка на наталитет минус стапката на смртност на одредено население, во одреден временски период. Обично се изразува или како бројка на 1.000 жители од населението или како процент. СПП може да биде или позитивна или негативна. Тоа е спротивно на вкупната промена на населението со игнорирање на нето преселбата.
Оваа стапка им дава на демографите увид за тоа како се развива населението во регионот, и овие анализи можат да ги информираат владините обиди да ја обликуваат стапката на природен прираст.
Примери мини|220п|Решавање на равенкки за природниот прираст и стапката на природен прираст на населението во Македонија во 2021 година. Да претпоставиме дека населението од 5.000 лица доживеало 1.150 живородени и 900 смртни случаи во текот на една година.
За да се прикаже стапката на природен прираст во текот на таа година како процент, равенката би била
(1.150 – 900) ÷ 5.000 = 0,05 = +5%
За да се прикаже СПП како број на 1.000 жители од населението, равенката би била
(1.150 - 900) ÷ (5.000/1.000) = 250 ÷ 5 = +50
Може да се прикаже и како природни раѓања на 1.000 минус смртни случаи на 1.000
(1.150 ÷ 5) - (900 ÷ 5) = 230 - 180 = +50
За да ја претворите СПП на 1.000 жители во процент, поделете го со 1.000. Равенката би била
+50 ÷ 1000 = 0,05 = +5%
Употреби Стапката на природен прираст им дава на демографите идеја за тоа како населението во регионот се менува со текот на времето. СПП го исклучува внатрешното и надворешното преселување, давајќи индикација за растот на населението само врз основа на раѓања и смртни случаи. Споредувањето на природната промена на населението со вкупната промена на населението покажува која е доминантна за одреден регион. Гледајќи ја оваа разлика меѓу регионите, се откриваат оние кои се менуваат главно поради раѓањата над смртните случаи и оние кои се менуваат главно поради преселбата. Картата покажува токму таква анализа за САД. мини| Највлијателната компонента на промените за окрузите во Соединетите Држави што добиле население помеѓу 2014 и 2015 година. Трендот на СПП со текот на времето може да укаже во која фаза од демографскиот транзициски модел (ДТМ) е еден регион или земја.
Национални напори да се влијае на стапката на природниот прираст Обидите на владата да ја обликува СПП на регион или земја се вообичаени ширум светот. Политиките можат или да поттикнат или да го обесхрабрат зголемувањето на наталитетот. На пример, за време на кризата КОВИД-19, Сингапур им понудил на семејствата „бебешки бонус за пандемија“ за да поттикне повисока стапка на наталитет, со тоа зголемувајќи ја СПП. Соединетите Држави размислувале за слични политики. Друг пример била кинеската политика на едно дете, наменета за намалување на наталитетот, со тоа и намалување на СПП.
Земја со добра инфраструктура за поддршка на семејствата, здравјето на жените и здравјето на мајките/детето веројатно би имала пониски стапки на смртност на доенчиња или мајки, што би ја зголемило стапката на природен прираст.
Поврзано
Список на земји по природен прираст Стапка на раѓање Стапка на смртност Прираст на население
Наводи
Категорија:Временски стапки Категорија:Демографски показатели