Соња Михајлова (р. во Битола) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во 1983 година, дипломирала на Факултет за драмски уметности - Скопје, на отсекот за Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, и истата година се вработила во Народен театар - Битола каде останала сè до нејзиното пензионирање во 2022 година.

Филмографија Михајлова ги остварила филмските улоги: Година Филм Улога 1972 Табакерата ТВ-филм Девојчето 1982 Јужна патека ТВ-филм 1985 Бушава азбука ТВ-серија 1985 Трговецот од Солун ТВ-филм Пејачка 1987 Девојките на Марко ТВ-серија Милка 1987 Ѕвездите на 42-та ТВ-филм 1989 Еурека ТВ-серија Марта 1994 Прекалени ТВ-серија Митра Миладинова 2000 Северо источно од југозапад ТВ-филм Професорката 2000 Што сонува кучето ТВ-филм Пензионерката 2007 Сенки ТВ-филм Комшивка 2008 Збогум Румелија ТВ-серија Селанка 2010 Македонски народни приказни ТВ-серија 2013 Тврдокорни ТВ-серија Марија 2014 До балчак ТВ-филм Перачката 2015 Лимоната ТВ-филм Нимет 2015-2016 Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија 2016 Обожение ТВ-филм Продавачката 2022 Кајмак ТВ-филм Благица 2024 Турбо-нет ТВ-филм Олга 2024 Црвениот поет ТВ-серија Госпоѓа Колендиќ 2025 Мајка ТВ-филм Мајката 2026 Скејтборд не е за девојки ТВ-филм Работничка 2026 Збогум, Копакабано ТВ-филм Тодора

Награди 1986- Награда за млад актер доделена на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, за улогата на Сандра Заум во претставата „Магна карта“ Прилеп 1986 - Награда за најдобро актерско остварување за ликот на Сандра Заум во претставата „Магна карта“, на МТФ „Војдан Чернодрински“ 1993 - Награда за најдобро актерско остварување за ликот на Цвета во претставата „Балканот не е мртов“наМТФ „Војдан Чернодрински“ 1995 - Награда за најдобра женска епизодна улога за ликот на Мирса во претставата „Бегалка“, на МТФ „Војдан Чернодрински“ 2004 - Награда „Ристо Шишков“ за улогата на Петра фон Кант во претставата „Горчливите солзи на П. фон Кант“ од Рајнер Вернер Фасбиндер во режија на Деан Дамјановски, а во изведба на Битолскиот народен театар 2007 - Награда „за најдобра женска улога, за улогата на Голде во претставата „Свирач на покривот“, Охридско лето 2016 - Награда за најдобра женска улога за ликот на Каесар во претставата „Јулиј Цезар“ на 17. Фестивал на античка драма „Стоби“ 2025: Награда за животно дело МТФ„Војдан Чернодрински“

Наводи

Категорија:Глумици од Битола Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Добитници на наградата „Ристо Шишков“ Категорија:Југословенски глумци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје