Неогенот (неофицијално горен или доцен терцијар), е геолошки период кој траел 20,45 милиони години; започнал по завршувањето на палеогенот пред 23,03 милиони години и траел до почетокот на кватарот пред милиони години. Неогенот е поделен на две епохи: миоцен и плиоцен. Некои геолози тврдат дека неогенот не може јасно да се разграничи од актуелниот геолошки период, квартарот. Терминот „неоген“ бил измислен во 1853 година од австрискиот палеонтолог Мориц Хернес (1815–1868).

Во овој период, цицачите и птиците продолжиле да еволуираат во современи форми, а другите групи на живот останале релативно непроменети. Кон крајот на овој период во Африка се појавиле првите луѓе (Хомо хабилис). Имало и континентални придвижувања, а најзначаен настан бил поврзувањето на Северна и Јужна Америка кај Панамскиот Провлак, доцна во плиоценот. Ова поврзување на континентите ги прекинал топлите океански струи од Тихиот до Атлантскиот Океан, а само Голфската струја останала да ја пренесува топлината во Северноледениот Океан. Климата значително се оладила за време на неогенот, и тоа кулминирало со низа континентални заледувања во следниот период, квартар.

Поделба Плиоценската епоха се дели на:

Пјаченциско доба, на кое му претходи Занклинска доба

Миоценската епоха се дели на:

Месинско доба, на кое му претходи Тортонско доба Серавалско доба Лангианско доба Бурдигалско доба Аквитанско доба Географија Континентите во неогенот биле многу блиску до нивната денешна местопложба. Создаден е Панамскиот Провлак кој ги поврзува Северна и Јужна Америка. Индискиот потконтинент продолжил да се судрира со Азија, со што се формирале Хималаите. Паднало нивото на морето, и биле создадени копнени мостови меѓу Африка и Евроазија и меѓу Евроазија и Северна Америка.

Клима Климатските промени ја предизвикале појавата на годишни времиња, а продолжил и општиот тренд на посува и поладна клима кој започнал на почетокот од палеоген. Ледените покривки на двата пола почнале да растат и да згуснуваат, а кон крајот на периодот започнало првото од низата заледувања од денешното ледено доба.

Флора и фауна Морската и континенталната флора и фауна го имале современиот изглед. Групата влекачи Choristodera исчезнала во раниот дел од периодот, а водоземците познати како Allocaudata исчезнале кон неговиот крај. Во неогенот, исто така, изумреле родовите влекачи Langstonia и Barinasuchus, копнени предатори кои биле последните преживеани членови од Sebecosuchia, група во сродство со крокодилите. Во океаните доминирале големите месојади како мегалодони и ливатани, а пред 19 милиони години исчезнаа околу 70% од сите видови пелагични ајкули.Almost 20 Million Years Ago, Sharks Nearly Went Extinct Цицачите и птиците ја продолжиле својата доминација како копнени ’рбетници и се видоизменувале додека се прилагодувале на различни живеалишта. Првите хоминини, предци на луѓето можеби се појавиле во јужна Европа и мигрирале во Африка. Првите луѓе (кои припаѓаат на видот Homo habilis) се појавиле во Африка кон крајот на периодот.

Пред околу 20 милиони години, почнале да се диверзифицираат голосемениците во форма на четинари и цикади и настанале повеќе видови поради променливите услови.DNA duplication linked to the origin and evolution of pine trees and their relatives Како одговор на постудената клима и годишните времиња, тропските растителни видови им отстапиле простор на листопадните растенија, а пасиштата се појавиле на местото од многу шуми. Тревните растенија значително се диверзифицирале, а заедно со нив еволуирале и тревопасните цицачи, и настанале многу современи тревопасни животни, како коњите, антилопите и бизоните. Цицачите од леденото доба како мамутите и рунестиот носорог биле вообичаени во плиоценот. Со намалување на нивото на CO2 во атмосферата, имало експанзија на С4 растенијата и достигнале еколошка доминација во пасиштата во последните 10 милиони години. Исто така, главоцветните растенија поминале низ значителна адаптивна радијација.The rise of grasslands is linked to atmospheric CO2 decline in the late Palaeogene На Нов Зеланд пронајдени се фосилни листови од евкалиптус кои потекнуваат од миоценот; денес родот евкалиптус не е автохтон за Нов Зеланд, туку е воведен од Австралија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Геолошки периоди Категорија:Неоген