мини|Одделување на плазма и серум од крв од стаорец. 180п|мини|Единица дарувана свежа плазма.

Крвната плазма ― течност со светложолта боја, содржи најмногу вода, дури до 90%, а останатите се растворени или суспендирани супстанци. По водата материи со најголем процент во плазмата се белковините, кои се главни градежни делови на човечкиот организам и се неопходни за растење и обновување на ткивата во организмот.

Состав Најзастапена белковина во плазмата е албуминот, кој е важен за одржувањето на осмотскиот притисок во крвта. Оваа белковина се создава во црниот дроб. Крвните фактори на коагулацијата, исто така, се создаваат во црн дроб. Во крвната плазма има и антитела, кои се создаваат во одредени групи на леукоцитите. Систем на ензими, заеднички наречени комплемент, што им помагаат на антителата при нивната борба против штетните микроорганизми.

Крвната плазма содржи најмногу вода, од 79-82%, потоа белковини, масти, шеќери, витамини, минерални соли, јаглерод диоксод, кислород и друго. Во крвната плазма пливаат црвените крвни клетки - еритроцити, белите крвни клетки - леукоцити и крвните плочки - тромбоцити.

Во крвната плазма исто така има составни делови на хранливите материи. Основен јаглехидрат што го има во крвната плазма е гликозата. Таа во крвта доаѓа при процесот на ресорпција на дигестираните јаглехидрати од дигестивниот тракт, или при разградбата на гликогенски резерви во црн дроб. Во плазмата, исто така, има и аминокиселини што се производи на дигестијата на белковините. Има и мал процент масти. Тие можат да се складираат како масти за добивање енергија, или се носат во клетките и служат како извор на енергија.Учебник по биологија за трета година на реформираното гимназиско образование стр.84

Функции Најважен катјон во крвната плазма е натриум. Тој се наоѓа во облик на хлорид, бикарбонат и фосфат. Натриум хлоридот има важна улога во регулирањето на осмотскиот притисок, а благодарение на движењето на анјоните низ клеточната мембрана влијае и на регулирањето на ацидобазната рамнотежа. Натриум бикарбонатот во комбинација со јаглеродна киселина е најважен неоргански пуфер во крвната плазма. Калиумот има важна улога во регулирањето на пропустливоста на клеточната мембрана и нервно-мускулната раздразливост. Калциумот во крвната плазма се наоѓа во два облика: слободен или поврзан со белковините. Фунцкионално калциумот е антагонист на калиумот и ја смалува пропустливоста на клеточната мембрата, а е активатор на некои ензими при коагулација на крвта. Магнезиумот е регулатор на раздразливоста на нервно-мускулниот систем, а исто така, е и трансферин. Од анјоните што се присутни во крвната плазма има хлориди, што се сврзани со натриум, калиум и калциум, потоа фосфати, сулфати, јодити и др.

Наводи

Категорија:Крв