Дрвен мост, познат и како Мост на Нина ― мост над Црн Дрим, во Струга.
Историја Градежните работи на мостот започнале во 1987 година и биле завршени за само една година. Изградбата била со финансиска помош на тогашната централна власт, а мостот бил граден од стопанското друштво Југодрво.
Во 2011 година, стариот мост поради лошата состојба бил срушен и неколку години не бил изграден нов мост.
На 29 ноември 2016 година, почнала изградбата на новиот мост. На 1 јануари 2017 година, бил свечено пуштен во употреба новиот мост, во присуство на градоначалникот и заменикот градоначалник на Општина Струга, Зијадин Села и Мустафа Зебзун, како и дарителот Менди Ќура.
Галерија
Поврзано Мост на поезијата
Наводи
Категорија:Мостови во Струга Категорија:Мостови на Црн Дрим