„Што направив да го заслужам ова?“ () е филм од 1984 година на шпанскиот режисер Педро Алмодовар (Pedro Almodóvar), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Кармен Маура (Carmen Maura), Анхел де Андрес Лопес (Ángel de Andrés López), Вероника Форке (Verónica Forqué), Гонсало Суарес (Gonzalo Suárez), Хуан Мартинес (Juan Martinez) и Ампаро Солер Леал (Amparo Soler Leal). Филмот претставува типична комедија во Алмодоваровиот стил при што тој си поигрува со ликовите ставајќи ги во апсурдни сосотојби со бизарни начини на решавање на проблемите. Токму оваа карикатуралност на ликовите е еден од темелите на хуморот на Алмодовар, кој е често застапен во неговите подоцнежни филмови. Овој филм претставува ода на италијанскиот неореализам и латиноамериканскиот магичен реализам.Ciklus filmova Pedra Almodovara: Čime sam to zaslužila?, španjolski film (1984.) (пристапено на 31.10.2022)

Дејство Во еден кварт во Мадрид, во иста зграда живеат Глорија (ја игра Маура) со сопругот (го игра Андрес Лопес), свекрвата и трите сина. Едниот син продава хероин, а другиот е хомосексуалец. Сопругот Антонио е таксист кој обожава германски шлагери, а мајка му е старица со незгоден карактер. Освен дошаните работи, Глорија работи и како домашна помошничка во една куќа. Нејзиниот живот е мачен, а единствената забава ја наоѓа во дружењето со сосетката Кристал (ја игра Форке) која е проститутка. Бидејќи живее во лош брак со незаинтересиран сопруг, Глорија зема амфетамини и станува зависна од нив. Меѓутоа, по некое време, таа не може повеќе да ги набави амфетамините и ја зафаќа апстиненциска криза...

Наводи

Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Шпански филмови Категорија:Филмови на шпански јазик Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Педро Алмодовар Категорија:Филмови со Кармен Маура Категорија:Филмови со Ампаро Солер Леал Категорија:Филмови со Анхел де Андрес Лопес Категорија:Филмови со Вероника Форке Категорија:Филмови со Гонсало Суарес Категорија:Филмови со Хуан Мартинес Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Мадрид