алт=Знамето на Катар|мини|Знамето на Катар

Катарската кујна е главно составена од традиционалната арапска кујна. Мачбус, оброк кој содржи ориз, месо и зеленчук, е националното јадење на Катар, обично направено со јагнешко или пилешко месо, кое е бавно варено за да му даде повеќе длабочина на вкусот. Морската храна и урмите се главен дел од исхраната на граѓаните во Катар. Многу од катарските јадења се прават и во други држави во регионот, бидејќи споделуваат многу заеднички одлики, но на некои од јадењата им се дадени различни имиња или користат поразлични состојки.

Еден поборник за важноста на кулинарското наследство на Катар е готвачот Нур Ал Мазроеи, кој умее да ги прилагоди традиционалните рецепти за да вклучи вегански и алтернативи без глутен.

Традиционални мешавини на зачини од Катар Зачините имаат многу важна улога во Катарските јадења и општо во арапското готвење. Готвачите се грижат да ги набават најквалитетните зачини и да ја зачуваат нивната свежина.

Мешавината Бизар Бизар е комбинација од црн пипер, семки од коријандер, стапчиња цимет, каранфилче, сушен ѓумбир, цел кардамом, сушено црвено чили и стапчиња од куркума. Зачините прво се мијат, а потоа се сушат на сонце, по што се мелат и се мешаат.

Мешавина Даќу Ова е мешавина направена од црвено чили, но вклучува печена и мелена пченица, печени и мелени семиња од ким, печени и мелени семки од сусам, семе од коријандер, мелено и суво црвено чили, чешниња лук и сол.

Мешавина Хисо Оваа мешавина вклучува сушен ѓумбир, стапчиња цимет, семки од кардамон, цел црн пипер, стапчиња од куркума и семки од ким.

Главни јадења мини|Кабса, познато како мачбус.

Катарски мачбус Мачбусот е јадење кое се состои од ориз, месо, кромид и домати, заедно измешани со многу зачини. Ова јадење е локалната варијација на кабса.

Кабса Содржи ориз, месо и зеленчук зачинети со разни видови на зачини. Ова јадење е слично на бирјани или пилаф.

Гузи Гузи е печено јагнешко месо кое се служи врз ориз."Traditional Qatari Cuisine" . Anglo info Limited. Се нарекува и шуваа.

Мадроуба Мадроуба е лута и зачинета катарска каша, направена со пилешко, преварен ориз и богатство од зачини како што се куркума, ким, кардамон, ѓумбир, каранфилче, цимет, лук и црн пипер. Се препорачува кашата да се служи додека е сè уште топла, по можност украсена со свежа кора од лимета.

Харис Харис е јадење направено од мелено семе од пченица, мешано со сало (гхи). Обично се додава само сол и вода, а може да се подготви и со пилешко или месо. мини|Мадроуба

Џариш Џариш е дробена пченица која се подготвува со разновидно месо.

Кобс ргаг Кобс ргаг е тенок рамен леб кој се прави од брашно, вода и сол, а се користи и во други јадења, најчесто со јадењето тарид.

Тарид Тарид е составено од кобс ргаг и супа, заедно со зеленчук и пилешко месо.

Пијалаци

Арапско кафе Кафе сварено од темно печени зрна кафе зачинето со кардамон и послужено со урми.

Карак Карак, познат и како „чај со млеко“ или „чаи млеко“, е светло портокалов пијалак со кардамон, шафран и шеќер. Тоа е чај кој е збогатен со повеќе зачини, заедно со испарено млеко.

Десерти мини|Лугаимат мини|Саго

Лугаимат Состојките кои што се користат за создавање на ова слатко панирано пециво се брашно, млеко, путер, шеќер, шафран и кардамон. По пржењето, десертот е подготвен за послужување и врз него се прелива мед или сладок сируп.

Кабис Кабиите се урми без семки, натопени во вода и комбинирани со печено брашно или измешани со шеќер, масло, путер, шафран, кардамон и розова вода.

Асида Асида е едноставен десерт што се прави со брашно, масло и шеќер.

Балалет Balaleet се тестенини варени со шеќер, цимет, шафран и кардамон. Тестенините често се служат со омлет врз нив.

Саго Саго е сладок желатински пудинг зачинет со шафран и кардамон. Оригиналниот рецепт е создаден од Мохамед Фати, египетски научник.

Наводи

Надворешни врски

https://www.marhaba.qa/souq-waqif-essential-common-spices-arab-cooking/ https://www.willflyforfood.net/qatar-machboos-a-delight-that-will-make-you-crave-for-more/ https://ar.hotels.com/go/qatar/best-food-doha https://mybrowser-search.com/search?q=google&ac=1468047342 https://www.tasteatlas.com/madrouba

Категорија:Кујна по земја Категорија:Блискоисточна кујна Категорија:Арапска кујна Категорија:Катар