Сократ Мојсов (, , Егејскиот дел на Македонија) — поранешен македонски фудбалер. За репрезентацијата на Југославија настапил трипати. Важел за еден од најдобрите македонски играчи од југословенската ера (пред 1992). Забележлив бил по неговата способност за играње со глава и поединечните вештини со топка.

Клупска кариера Кариерата ја започнал во Вардар како младинец, а брзо стигнал во сениорскиот тим. За Вардар одиграл 362 натпревари и постигнал 166 гола во сите натпреварувања.Сократ Мојсов (profile) – FK Vardar Две години играл во Франција за ФК Рен, во Лига 1 Sokrat Mojsov (player profile) – Stade Rennais и се пензионирал во 1973 година.

Меѓународна кариера За сениорската репрезентација на Југославија дебитирал на пријателскиот натпревар против Бугарија во април 1964 година, вкупно настапил на 3 натпревари, без постигнати голови. Неговиот последен меѓународен настап биил пријателскиот натпревар против Советскиот Сојуз во септември 1966 година.

Наводи

Надворешни врски

Profile on Serbian federation official site

Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери