Јужноамериканско првенство во фудбал 2021, попознато како Копа Бразил 2021 или Копа Америка 2021 — 47-мото издание на Копа Америка, главниот интернационален фубдалски турнир за државните репрезентации од Јужна Америка. Натпреварувањето било организирано од КОМНЕБОЛ, главното тело на Јужноамериканскиот фудбал, и се одржало во Бразил од 13 јуни до 10 јули 2021 година.
Првично било планирано првенството да се игра од 12 јуни до 12 јули 2020 година во Аргентина и Колумбија. Сепак, на 17 март 2020 година, КОНМЕБОЛ објавил дека турнирот се одложува за една година поради пандемијата на КОВИД-19 во Јужна Америка, откако УЕФА исто така одлучила да го одложи Европското првенство за 2021 година. За прв пат од 1991 година, турнирот бил организиран без гостински репрезентации.
За прв пат од 1983 година, Копа Америка требало да се одржи во неколку земји. Првичната идеја на овогодинешното издание на Копа Америка била да започне нов формат според кој во секоја од земјите домаќини ќе играат по пет репрезентации. Меѓутоа, тоа не се случило; на 20 мај 2021 година на Колумбија и било одземено домаќинството поради тешката ситуација во земјата предизвикана од протестите против претседателот Иван Дјук. Десет дена подоцна, На 30 мај било потврдено дека првенството не може да се игра ниту во Аргентина поради ситуацијата таму со пандемијата на КОВИД-19. Следниот ден КОНМЕБОЛ објавил дека Бразил ќе биде нов домаќин на турнирот.
Бразил бил бранител на титулата шампион откако ја освоил Копа Америка по деветти пат во 2019 година; бил домаќин и таа година. Во финалето, кое се одиграло на Маракана, Аргентина го победила Бразил со 1:0 и ја освоила својата петнаесетта титула; „Гаучосите“ за првпат го подигнале трофејот наменет за шампионите на Јужна Америка од 1993 година. Тие се изедначиле и со Уругвај на вечната листа по бројот на освоени титули во ова натпреварување. Стадиони Рио де ЖанеироМараканаСтадион Нилтон СантосКапацитет: 78.838Капацитет: 46.931200п200пБразилијаКујабаГојанијаСтадион Мане ГаринчаАрена ПантаналСтадион Педро ЛудовикоКапацитет: 72.788Капацитет: 44.000Капацитет: 13.500200п200п200п
Учесници На првенството учествувале сите десет членови на КОНМЕБОЛ. Тие биле поделени во две географски зони пред групната фаза.
Во јуни 2019 година, Советот на КОНМЕБОЛ официјално го одобрил учеството на Австралија и Катар на првенството како две гостински екипи. Двете репрезентации биле победници на претходните две изданија на Азискиот куп. Сепак, на 23 февруари 2021 година, Фудбалските сојузи на Австралија и Катар објавиле дека се повлекуваат од турнирот поради проблеми предизвикани од пандемијата на КОВИД-19, како и пренатрупаниот фудбалски календар (преостанатите натпревари за квалификациите за Светското првенство биле одложени за јуни 2021 година). Ова би било дебитантски настап за Австралија на Копа Америка, а ова би било втор настап за Катар, откако учествувал на првенството одржано во 2019 година.
Поради тоа што немало замени за двете споменати селекции, учествувале десет репрезентации (за прв пат од 1991 година):
Северна зона (домакин и бранител на титулата)
Јужна зона
Ждрепка +Група А (јужна зона)РепрезентацијаА1А2А3А4А5А6+Група Б (северна зона)РепрезентацијаБ1Б2Б3Б4Б5Б6
Групна фаза Сите времиња на натпревари се според BRT (UTC−3), како што е наведено од КОНМЕБОЛ. Градот Кујаба е во друг часовен појас, AMT (UTC−4), така што е наведено и месното време.
Првите четири екипи се пласираат во четвртфинале.
Група А
Група Б
Елиминациона фаза
Четвртфинале
Полуфинале
Натпревар за трето место
Финале
Победник на Копа Америка 2021 100пАргентинаПетнаестта титула
Конечен пласман мини|десно|.
Напомена: натпреварите решени во продолжение се бројат како победи или порази, додека натпреварите решени за време на пенал-серија се бројат како нерешени. Тим7520123+9177511123+9167232770972231014–48Отпаднале во четвртфинале 522142+28 521286+27 512235–25 503259–43Отпаднале во групната фаза 402226–424004210–80
Статистика Стрелци 4 гола
Лионел Меси
Луис Дијаз
3 гола
Лаутаро Мартинес
Џанлука Лападула
2 гола
Алехандро Гомес Ервин Саведра Лукас Пакета Нејмар
Анхел Ромеро Јосимар Јотун Андре Кариљо
Единсон Кавани Едуардо Варгас Ајртон Пресијадо
1 гол
Анхел Ди Марија Родриго де Паул Гидо Родригес Алекс Сандро Габриел Барбоса Касемиро Маркињос Едер Милитао Евертон Рибеиро
Ришарлисон Роберто Фирмино Едсон Кастиљо Роналд Ернандес Мигел Борха Едвин Кардона Хуан Квадрадо Габриел Авалос Хуниор Алонсо
Мигел Алмирон Алехандро Гамара Густаво Гомес Брајан Самудио Серхио Пења Луис Суарес Бен Бреретон Анхел Мена Гонсало Плата
Автоголови Хаиро Кинтерос (за Уругвај) Јери Мина (за Перу) Густаво Гомес (за Перу) Ренато Тапија (за Еквадор)
Признања Биле доделени следните награди, по завршувањето на првенството: Награда за најдобар играч: Лионел Меси Награда за најдобар голгетер: Лионел Меси и Луис Дијаз (4 гола) Награда за најдобар голман: Емилијано Мартинес Награда за фер-плеј:
Идеална екипа Идеалната екипа на првенството била избрана по крајот на првенството: ГолманОдбранаСреден редНапад Емилијано Мартинес Маурисио Исла Кристијан Ромеро Маркињос Первис Еступињан Родриго де Паул Касемиро Јосимар Јотун Лионел Меси Нејмар Луис Дијаз
Права на ТВ пренос
Јужна Америка ТериторијаНосителЗабелешкаАргентина-{TVP}- -{TyC Sports}- -{Vrio Corp.}-Боливија-{Tigo Sports}- -{Unitel}-Бразил-{ESPN}- -{Fox Sports}- -{SBT}-Венецуела-{La TeleTuya}- -{VC Sports}-Еквадор-{TC Televisión}- -{Vrio Corp.}-Колумбија-{Caracol Televisión}- -{RCN Televisión}- -{Vrio Corp.}- -{Win Sports}-Парагвај-{SNT}- -{Telefuturo}- -{Tigo Sports}- -{Trece}- -{Vrio Corp.}-Перу-{América Televisión}- -{Vrio Corp.}-Уругвај-{Dexary}- -{Vrio Corp.}-Чиле-{Canal 13}- -{TNT Sports}- -{Vrio Corp.}-
Остаток од светот
ТериторијаНосителЗабелешкаБосна и ХерцеговинаАрена спорт МакедонијаАрена спортСловенијаАрена спортСрбијаАрена спортХрватскаАрена спортЦрна ГораАрена спорт
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Копа Америка 2021, -{CONMEBOL.com}-
2021 Категорија:Фудбалот во 2021 година Категорија:Фудбалот во Бразил