Денис Ман (роден на 26 август 1998 година, во Владимиреску) — романски фудбалер, крилен напаѓач на ПСВ и на романската репрезентација.
Ман ја започнал својата сениорска кариера во втората романска лига со УТА Арад во 2015 година, а една година подоцна потпишал за ФКСБ. Тој станал неприкосновен стартер во клубот од главниот град, бил избран во Тимот на годината на Лига 1 за сезоната 2018-2019 и го освоил Купот на Романија во 2020 година. Откако ја добил наградата за најдобар романски фудбалер за 2020 година, Ман се преселил во италијанската екипа Парма за 11 милиони евра, трансфер кој важи за најскапата продажба на некој клуб од романското првенство. После четири сезони во Парма, потпишал за холандскиот клуб ПСВ.
Ман го имал своето деби за сениорската репрезентација на Романија во март 2018 година, откако претходно настапувал за младинските селекции под 19 и под 21 година. Тој ја претставувал својата земја на Европското првенство 2024 во Германија, каде стигнале до осминафиналето.
Клупска кариера
Рана кариера Додека бил јуниор во Атлетико Арад, Ман отпатувал во англискиот клуб Манчестер Сити на неколку проби, меѓутоа ништо не излегло од тоа и подоцна се приклучил на УТА Арад. Ман бил промовиран во првиот тим во летото 2015 година, на 17 години, a своето деби за клубот го направил на 29 август во поразот со 2–1 од Газ Метан Медијаш во Лига 2. На 25 октомври, го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 4–0 на гости против Бихор Орадеа.
ФКСБ На 6 септември 2016 година, Ман се преселил во Стеауа Букурешт за необјавена сума, потпишувајќи едногодишен договор со клубот со опција за уште пет години. Дебитирал за Рош-албаштрите на 2 октомври 2016 година, против Университатеја Крајова, влегувајќи како замена за повредениот Флорин Танасе во првото полувреме од натпреварот; сепак, подоцна и тој самиот бил заменет во 66-тата минута од Овидиу Попеску во натпреварот во кој неговиот тим на крајот победил со 2–1. Подоцна, истиот месец, тој го постигнал својот прв гол за Стеауа — воедно и во Лига 1 - во победата од 2-0 над Политехника Јаш.
На 16 јули 2017 година, Ман го постигнал победничкиот гол во судиското надополнување од натпреварот против Волунтари на отворањето на сезоната 2017-2018 во романското првенство. Својот прв настап во европските натпреварувања го имал во третото квалификациско коло на Лигата на шампионите, победата со 4–1 на гостински терен против Викторија П’лзењ, на 2 август. На 25 октомври, тој придонел со два гола и две асистенции во убедливата победа од 6-1 над Санататеа Клуж во Купот на Романија, додека на 17 декември, го отворил резултатот во успехот со 2-0 над бранителот на титулата Виторул Констанца. Во јануари 2018 година, тој бил вклучен од страна на UEFA.com во листата на 50 најдобри млади фудбалери на кои треба да се обрне внимание за таа година. На 18 февруари, Ман го постигнал првиот гол од двата гола на неговиот тим во ремито 2–2 против градскиот соперник Динамо Букурешт, откако се појавил како замена на полувремето. Во јули, тој бил номиниран заедно со сонародникот Јанис Хаџи за наградата Златно момче за 2018 година. На 25-ти истиот месец, тој го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања во победата со 2-0 на гостински терен кај словенечкиот претставник Рудар Велење во второто квалификациско коло на УЕФА Лига Европа.
Својот прв трофеј во кариерата, Ман го освоил на 22 јули 2020 година, откако го постигнал единствениот гол во финалето на Купот на Романија со кој ФКСБ го совладале Сепси ОСК. На 17 септември, тој постигнал хет-трик во ремито од второто квалификациско коло за Лига Европа на гости кај српскиот тим ТСЦ Бачка Топола. Натпреварот завршил 6–6 по продолженијата, а Ман го реализирал победничкиот пенал. Три дена подоцна, за време на неговиот јубилеен 100-ти настап во Лига 1, тој повторно постигнал хет-трик во успехот со 3-0 над Арџеш Питешт. Добрата форма ја продолжил со голот против неговиот поранешен клуб УТА Арад во победата од 3-0 на домашен терен на 5 декември 2020 година, при што одбил да слави; со овој погодок неговиот учинок во првенството достигнал до десет гола. Две кола подоцна на 18 декември, тој го решил дербито против конкурентот за титулата Университатеа Крајова, постигнувајќи ги двата гола во победата на гости со 2-0. Набргу потоа, тој бил прогласен за добитник на наградата романски фудбалер на годината за 2020 година од весникот Gazeta Sporturilor.
Парма На 26 јануари 2021 година, сопственикот на ФКСБ, Џиџи Бекали, објавил дека италијанскиот клуб од Серија А, Парма, доставил понуда за трансфер на Ман, вредна 11 милиони евра плус 2 милиони евра бонуси; тој ја прифатил понудата следниот ден, а Парма го официјализирала трансферот на 29 јануари, откако Ман потпишал годишен договор. Трансферот го направил Ман најскапо продадениот играч во романското првенство, според официјалната веб-страница на ФКСБ. И покрај некои романски извештаи кои покажуваат дека вистинската такса е помала, шпекулираните бројки сепак ја надминале сумата за трансфер на поранешниот рекордер Николае Станчу од 2016 година.
Ман го направил своето деби на 31 јануари 2021 година, откако влегол во игра во 80-тата минута од поразот на гостувањето кај Наполи со 2-0 во Серија А. Играјќи секој пат како замена во неговите први пет натпревари, тој го добил својот прв старт во почетната постава од тренерот Роберто Д'Аверса во поразот на домашен терен од Интер со 2-1 на 4 март. Десет дена подоцна, тој му асистирал на сонародникот Валентин Михаила за првиот гол на Парма во победата со 2–0 над Рома. На 3 април, Ман го постигнал својот прв гол во Серија А во ремито 2–2 на гости кај Беневенто. Повредата ефективно ја завршила неговата прва сезона во Парма со два гола во 14 настапи, додека клубот испаднал во Серија Б.
Ман го постигнал својот прв гол за Парма во следната сезона на 20 август, во ремито 2–2 против Фрозиноне во Серија Б. На 15 март 2022 година, тој ја носел капитенската лента на клубот за првпат во победата со 1–0 над Виченца, откако Џанлујџи Буфон и Франко Васкес биле недостапни за натпреварот. Во сезоната 2023–2024, Ман бил најдобар стрелец на тимот со 11 гола во првенството, помагајќи Парма да ја освои првата титула во Серија Б и да се врати во Серија А.
На 17 август 2024 година, во воведниот натпревар од Серија А 2024-2025, Ман постигнал гол во ремито 1–1 на домашен терен со Фјорентина. Една недела подоцна, во победата со 2–1 дома над Милан, тој повторно бил стрелец.
Репрезентативна кариера Ман ја претставувал романската репрезентација под 21 година и постигнал гол на дебито, при победата со 3–1 на гости против Босна и Херцеговина, на 1 септември 2017 година. Во март 2018 година, селекторот на сениорската репрезентација, Космин Контра, му го упатил првиот повик на Ман за Романија за пријателските натпревари кои требале да ги играат во тој месец против Израел и Шведска. Тој го направил своето деби во вториот натпревар, заменувајќи го Николае Станчу во 87-мата минута од победата на Романија со 1–0 на Стадион Јон Облеменко во Крајова.
На 11 јуни 2019 година, Ман го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 4–0 над Малта во квалификациите за Европското првенство 2020. Подоцна истиот месец, тој се приклучил на репрезентацијата под 21 година за да игра на Европското првенство 2019 во споменатата возраст, забележувајќи три настапи на турнирот, на кој Романија била елиминирана од Германија во полуфиналето.
Во 2023 година, Ман забележал четири натпревари и еден гол со кој помогнал Романија да заврши на врвот во својата група од квалификациите за Европското првенство 2024, пропуштајќи неколку натпревари поради повреда. На 7 јуни 2024 година, тој бил избран од Едвард Јорданеску во тимот кој ја претставувал Романија на завршниот турнир во Германија. Десет дена подоцна, Ман запишал две асистенции во победата со 3–0 над Украина, што претставувала прва победа за Романија на натпреварувањето по 24 години. Потоа започна во поразот од 0–2 од Белгија, а влегол во игра во 66-тата минута на местото на Јанис Хаџи и во ремито 1–1 со Словачка, што ѝ обезбедило на Романија прво место во групата. На 2 јули, тој го одиграл целиот натпревар во кој романците загубиле со 0–3 од Холандија во осминафиналето, по кое се збогувале со турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Стил на игра Во неговите почетоци во УТА Арад, Ман главно беше распореден како центарфор, но по трансферот во ФЦСБ тој на крајот еволуираше во крилен напаѓач на десното крило. Тој е опишан како сестран, кој може да ги заземе скоро сите напаѓачки позиции кога е потребно, со неговиот менаџер на Парма Џузепе Јакини кој го повикува да го стори тоа за да се развива понатаму.
Во декември 2018 година, Мирел Радои, неговиот селектор на репрезентацијата до 21 година, изјави дека кога се осврнува на помладите играчи во романската врвна лига, Ман е „најкомплетниот фудбалер“; неговите „ технички способности, темпо, физичка моќ, стапка на работа, ментална цврстина “ го носат најблиску до „целосниот пакет“.
Личен живот Таткото на Ман, Кристијан, е фудбалски тренер и поранешен играч во Дивизија Б.
Статистика за кариера Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 30 октомври 2024. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол2015-2016 УТА Арад Л2 18+139 настапи во плејофот и 4 во плејаутот на Лига 1 4+65 гола во плејофот и 1 во плејаутот на Лига 1 КР+ЛКР 2+0 1 - - - - - - 33 11 2016 Л2 5 5 КР+ЛКР 0 0 - - - - - - 5 5Вкупно УТА Арад 23+13 9+6 2 1 - - - - 38 16 2016-2017 ФКСБ Л1 5+1Во лигата за шампион 1+0 КР+ЛКР 1+2 0 ЛЕ 0 0 - - - 9 12017-2018 Л1 24+10 8+2 КР 3 2 ЛШ+ЛЕ 2Во квалификациските кола.+8 0 - - - 47 12 2018-2019 Л1 24+9 7+2 КР 1 0 ЛЕ 5 1 - - - 39 10 2019-2020 Л1 16+7 4+3 КР 5 2ЛЕ 3 0 - - - 31 9 2020-јан. 2021 Л1 18 14 КР - - ЛЕ 2 3 - - - 20 17Вкупно ФКСБ 87+27 34+7 12 4 20 4 - - 146 49 јан.-јун. 2021 А 14 2 КИ - - - - - - - - 14 2 2021-2022 Б 26 3 КИ 1 0 - - - - - - 27 3 2022-2023 Б 28+2Во плејофот. 6 КИ 2 0 - - - - - - 32 6 2023-2024 Б 32 11 КИ 3 2 - - - - - - 35 13 2024-2025 А 10 3 КИ 1 0 - - - - - - 11 3Вкупно Парма 110+2 25 7 2 - - - - 119 27Вкупно во кариерата 220+42 68+13 21 7 20 4 - - - 303 92
Репрезентативна статистика
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Романија2018202019212020202021722022322023412024123Вкупно329
Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварување1 20/08/2016 Франциск фон Нојман, Арад 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 3 - 0 Лига 2 2016-20172 17/09/2020 Градски стадион, Сента 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 6 - 6 УЕФА Лига Европа 2020-20213 20/09/2020 Арена Национала, Букурешт 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 3 - 0 Лига 1 2020-2021
Титули Клупски ФКСБ Куп на Романија : 1 2019–2020
Парма Серија Б : 1 2023–2024
Поединечни Романски фудбалер на годината : 2020 Тим на сезоната во Лига 1: 2018–2019
Наводи
Надворешни врски
Денис Ман на soccerway Денис Ман на transfermarkt Денис Ман на espn Денис Ман на whoscored
Категорија:Фудбалери на ФКСБ Категорија:Фудбалери на ФК Парма Категорија:Фудбалери на ФК ПСВ Ајндховен Категорија:Фудбалери во Серија Б Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Романски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година