Добри Даскалов (13 октомври 1882 - 16 јуни 1912)„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 431 стр. — македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Добри Даскалов е роден во Кавадарци во свештеничко протестантско семејство. Основното образование и нижа трикласна гимназија завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во егзархиската гимназија во Солун. Од Солун, своето образование го продолжил во Самоков, Бугарија, каде, во учебната 1896/1897 година, се запишал на протестантското Железарско училиште, заедно со Петар (Пешо) Самарџиев и Петар Јуруков. Tаму ја започнал својата револуционерна дејност и станал член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.
Даскалов станал член на ТМОРО во 1901 година и бил борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев. Учествувал во грабнувањето на мис Стон, со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски.„Добри Даскалов (1882-1912) „ние не се бориме за себе, туку за својот народ!“ , „Македонска нација“ Бил избран за делегат на Солунскиот конгрес, но не учествувал на него. Во Илинденското востание се бори во Тиквешијата. Во 1904 година учествува на Прилепскиот конгрес на ТМОРО, а во 1905 година — на Рилскиот конгрес. На 13 јуни 1905 година учествува во Битката со турскиот аскер во кавадаречкото село Ресава. Во 1908 година учествува на Ќустендилскиот конгрес на десницата на ВМОРО. По Младотурската револуција, во 1909 година бил еден од основачите на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство.
Подмолно е убиен во Кавадарци на 16 јуни 1912 година по наредба на Тодор Александров.Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 244 стр.Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 233.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 43.Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 200. Убиството го организирал Милан Ѓурлуков, а тоа било извршено од страна на Крсто Ристов, бивш четник во четата на Добри Даскалов. Тој го убил Даскалов во моментот кога пред портата на својата куќа ја земал во раце деветмесечната ќерка Невенка.„Откриен пиштолот со кој е убиен Добри Даскалов“ , „Вест“
Во негова чест, а по предлог на Димката Ангелов Габерот во НОБ, Тиквешкиот партизански одред го носел неговото име, со цел да се стави јасно до знаење дека тие ја продолжуваат борбата на илинденците. Денес гимназијата во Кавадарци исто така го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Кавадарци Категорија:Убиени по наредба на Тодор Александров Категорија:Учесници во Илинденското востание