Фајлкоин (⨎) (англиски: Filecoin) ― отворен код, јавен криптовалутен и дигитален систем за плаќање наменет да биде метод за кооперативно дигитално складирање и пронаоѓање податоци заснован на блокверига. Направено е од Protocol Labs и споделува некои идеи од InterPlanetary File System што им овозможува на корисниците да изнајмуваат неискористен простор на тврдиот диск. За регистрирање на зделките се користи блокверижен механизам. Фајлкоин е отворен протокол и поддржан од блокверига кој ги евидентира обврските преземени од учесниците на мрежата, со трансакции направени со користење на FIL, домашната валута на блокверигата. Блокверигата се заснова и на доказ за репликација и на доказ за простор-време.

Историја Проектот бил лансиран во август 2017 година и собрал над 200 милиони долари за 30 минути.

Филантропија Во април 2021 година, Фондацијата Фајлкоин дарувала 50.000 фајлкоини во вредност од 10.000.000 долари на Internet Archive. Покрај тоа, основачот на Internet Archive Брустер Кале и директорката на партнерства Венди Ханамура се приклучиле на одборите на советници на фајкоинот и на Фондацијата Фајлкоин за децентрализирана мрежа.

Вкупна моќност за складирање на мрежата Од февруари 2022 година, вкупниот капацитет за складирање бил 15,6 EiB, и вкупните складирани податоци биле 40 PiB.

Поврзано

Доказ за простор-време Блокверига Дфинити Распределена продавница за податоци Меѓупланетарен податотечен систем

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Сметање преку врсник до врсник Категорија:Одомаќинување на податотеки на Windows Категорија:Распределен податочен склад Категорија:Податочна синхронизација Категорија:Криптовалутни проекти Категорија:Облачни апликации Категорија:Програмска опрема од 2017 година