Фирентинска катедрала наречена „Богородица Цветна“ ( или Duomo di Firenze) — катедралата во градот Фиренца, Италија. Започната е со изградба во 1296 година во готски стил дизајнирана од архитектот Арнолфо ди Камбио. Катедралата структурно била завршена во 1436 година, заедно со куполата која била дизајнирана од страна на Филипо Брунелески. Надворешноста на базиликата била обложена со полихромни мермерни панели, во различни нијанси, пред сѐ од зелена и розова боја, ограничени и врамени со бела боја. Во 19 век врз катедралата била изведена доградба со готска преродба од страна на архитектот Емилио Де Фабрис.

Катедралниот комплекс, на Пјаца дел Дуомо, ги вклучува Крстилницата и Камбанаријата на Џото. Овие три згради се дел од светското наследство на УНЕСКО кое го покрива историскиот центар на Фиренца и се главна туристичка атракција на провинцијата (покраина) Тоскана. Базиликата претставува една од најголемите цркви во Италија, а до развојот на новите структурни градежни материјали на модерното време, куполата на базиликата била најголема во светот. Куполата на Пјаца дел Дуомо, останува сѐ уште најголема во светот која била изградена од тули.

Катедралата претставува мајка црква на надбискупијата во Фиренца, чиј архиепископ моментално е отецот Џузепе Бетори.

Историја мини|Дуомо гледана од височините на Пјацале Микеланџело Санта Марија дел Фјоре била изградена на местото на втората катедрала во Фиренца посветена на Свети Репарата.Bartlett, pp. 36–37; according to Bartlett, the people of Florence continued to call the cathedral by its former name for some time after reconstruction. Првата катедрала била познатата базилика Сан Лоренцо ди Фиренца, чиј прв објект бил осветен како црква во 393 година од страна на свети Амвросиј Медиолански. Првичната античка структура, изградена на почетокот на V век претрпела доста поправки, бидејќи се распаѓала од староста и дотраеноста. Според посланието во Nuova Cronica од страна на Џовани Вилани од XIV век,Barlett, 36. стоело дека таа црква не била доволно голема за да му служи на постојаното нараснување на населението во градот. Другите големи тоскански градови, преземале амбициозни потфати за реконструкција на нивните катедрали и тоа за времето на доцниот средновековен период. Таков пример биле градот Пиза и особено градот Сиена каде што огромните планирачки потфати за доградби никогаш не биле реализирани.

Градскиот совет на Фиренца во 1294 година го одобрил дизајнот на архитектот Арнолфо ди Камбио за новата црква. Ди Камбио бил и архитект на црквата Санта Кроче и Палацо Векио. Тој дизајнирал три широки кораби кои завршуваат под октогоналната купола, а средниот кораб ја покривал областа на делот наречен Санта Репарата. Првиот камен бил поставен на 9 септември 1296 година, од страна на кардиналот Валеријана, првиот папски легат кој некогаш бил испратен во градот Фиренца. Изградбата на овој огромен проект требало да трае 140 години. Планот на Арнолфо за источниот дел бил да го задржи основниот концепт, но на крајот сепак дошло до значително проширување во големината.

Откако во 1302 година архитектот Арнолфо починал, работата на катедралата забавила речиси скоро цели 50 години. Кога во 1330 година биле откриени моштите на Свети Зенобиј во црквата Санта Репарата, проектот добил нов поттик за понатамошна изградба. Во 1331 година господинот Арте дела Лана, еснаф на трговците со волна, го преземал покровителството за изградбата на катедралата и во 1334 година го назначил архитектот Џото ди Бондоне да ја надгледува работата. Со помош на пријателот Андреа Писано, Џото продолжил со работите околу дизајнот на делот наречен ди Камбио. Неговото главно достигнување било изградбата на камбанаријата. Кога на 8 септември 1337 година починал Џото, Андреа Писано ја продолжил изградбата на објектот сѐ додека работата не била прекината поради Црната смрт која владеела во 1348 година. мини|Дуомо, откако е завршена фреската од страна Андреа ди Бонаиуто, насликана во 1360-тите, пред почетокот на изградбата на куполата Во 1349 година работата на катедралата продолжила под надзор на неколку архитекти, почнувајќи од Франческо Таленти, кој успеал да ја заврши камбанаријата и да го зголеми целовкупниот проект каде биле вклучени апсидата и страничните капели. Во 1359 година, архитектот Таленти бил наследен од Џовани ди Лапо Гини (1360–1369) кој го поделил централниот кораб на катедралата на четири квадратни заливи. Дополнителни архитекти биле Алберто Арнолди, Џовани д'Амброџо, Нери ди Фиораванти и Андреа Оркања. До 1375 година, старата црква Санта Репарата била срушена. Делот познат како Наосот бил завршен до крајот на 1380 година. По изградбата на тој дел единствено куполата останала за доизградба сѐ до 1418 година.

На 19 август 1418 година, Арте дела Лана објавил конкурс за архитектонски дизајн за подигнување на Нерисовата куполата. Се јавиле двајца главни конкуренти и двајцата биле мајстори - златари. Тоа биле Лоренцо Гиберти и Филипо Брунелески. Вториот од нив бил директно поддржан од моќниот Козимо де Медичи. Гиберти пак бил победник на натпреварот за изработка на пар бронзени врати за Крстилницата во далечната 1401 година. Нивната конкуренција околу добивањето на градежните и занаетчиските работи останала остра целиот нивен живот. Сепак за куполата победник бил Брунелески кој и ја добил предвидената провизија.

Лоренцо Гиберти, кој бил назначен за помошник и соработник на Брунелески, земал плата еднаква на онаа на Брунелески. Ниту еден од нив не бил награден со претходно најавената награда со висина од 200 флорини. На Гиберти му било ветена еднаква исплата, иако поголемиот дел од своето време тој го потрошил на други проекти низ Фиренца. Кога арахитектот Филипо Брунелески се разболел, или пак сепак можеби глумел дека е болен, проектот накратко бил предаден во рацете на Гиберти. Но, Гиберти набрзо морал да признае дека тој малку бил оддалечен од целиот проект. Во 1423 година, Брунелески повторно бил на чело на изградбата и ја преземал целовкупната одговорност.King, pp. 76–79.

Работата на куполата започнала во некаде во 1420, а завршила во 1436 година. Катедралата била осветена на 25 мај 1436 година (првиот ден од годината според фирентинскиот календар) од страна на папата Евгениј IV. Катедралата била првата дотогаш изградена со „октагонална“ купола без привремена дрвена потпорна рамка. Тоа бил еден од највпечатливите проекти за периодот на ренесансата. За време на осветувањето во 1436 година, бил изведен мотетот на Гијом Дуфеј наречен Nuper rosarum flores (Розите кои цветаат доцна).

Декорацијата на надворешноста на катедралата, започната во текот на 14 век, а била завршена дури во 1887 година, кога била завршена полихромната мермерна фасада од страна на дизајнерот Емилио Де Фабрис. Подот на црквата бил обложен во мермерни плочки во периодот на 16 век.

Надворешните ѕидови на катедралата се свртени во наизменични вертикални и хоризонтални ленти и се изработени од полихроматски мермер донесени од местата Карара (во бела боја), Прато (во зелена боја), Сиена (во црвена боја), Лавенца и уште од неколку места ширум Тоскана. Овие мермерни слоеви требало да ги покријат веќе постоечките слоеви на ѕидовите од претходното поставување. Тоа биле делот на крстилница на Батистеро ди Сан Џовани и Камбанаријата на Џото. На катедралата постојат две странични врати и тоа: Вратите на Канониците (од јужната страна) и Вратата на Мандорла (од северната страна). Овие врати биле украсени со скулптури од вајарите Нани ди Банко, Донатело и Јакопо дела Кверсија. Шесте странични прозорци, забележливи по нивната нежна трага и орнаменти, биле одделени со неколку пиластри. Само четирите прозорци најблиску до трансептот даваат светлина, додека другите двa се само украсни. Прозорците на свештенството се со тркалезна форма, вообичаена одлика на италијанската готика.

Надворешен изглед

План и структура мини|План на црквата со различни фази на доградба Катедралата во Фиренца била изградена како базилика, со широк централен кораб од четири квадратни заливи, со патека од двете страни. Просторот наречен анцелар и трансептите биле со идентичен полигонален план, разделени со две помали полигонални капели. Целиот план формира оригинален изглед на латински крст. Наносот и патеките биле одделени со широки зашилени готски сводови што се потпираат на неколку композитни столбови.

Димензиите на објектот се огромни. Градежната површина изнесува 8,300 m², должината изнесува 153 m², ширината 38 m , а ширината на преминот (најголемата ширина) 90 m. Висината на сводовите кај патеките изнесува 23 m. Висината на куполата е 114,5 m. Оваа катедрала ја има петтата највисока купола во светот.

Планирана скулптура за надворешноста Контролорите задолжени за уредување со внатрешни дела за катедралата во Фиренца Арте дела Лана, имале планови да нарачаат серија од вкупно дванаесет големи старозаветни скулптури кои би се вградиле во потпорите - столбовите на базиликата.Charles Seymour, Jr. "Homo Magnus et Albus: the Quattrocento Background for Michelangelo's David of 1501–04," Stil und Überlieferung in der Kunst des Abendlandes, Berlin, 1967, II, 96–105. Големиот мајстор - скулpтор Донатело, во раните дваесетти години, добил задача да изработи статуа на Давид. Тој тоа го сторил во 1408 година. Давид требало да биде поставен на врвот на една од потпорите на катедралата во Фиренца. Давидовата скулптура никогаш не била поставена на тоа место. Мајсторот Нани ди Банко, истата година добил задача да издлаби мермерна статуа на Исаија, со истиот обем како и Давидовата скултура. Една од статуите била подигната на своето место во 1409 година, но по проверката било заклучено дека е премногу мала за да биде добро видлива од земјата и сепак била симната. Двете скулптури - статуи подоцна биле сместени во работилницата на операта. Таму останале неколку години.Janson, pp. 3–7Pope-Hennessey, John (1958) Italian Renaissance Sculpture, London, pp. 6–7Poeschke, p. 27. Во 1410 година, Донатело ја изработил првата од статуите, односно фигурата на Џошуа во теракота. Во 1409-1411 година, Донатело изработил уште една статуа, овојпат поветена на Свети Јован Евангелист, која сѐ до 1588 година стоела во нишата на фасадата на старата катедрала. Помеѓу 1415 и 1426 година, големиот Донатело создал уште пет нови статуи за делот на кампот на базиликата Санта Марија дел Фјоре во Фиренца или попозната како базилика Дуомо. Петте дела биле: Пророкот без брада; Брадестиот пророк (и двете изработени во 1415 година); Жртвата на Исак (1421); Хабакук (1423–25) и Еремија (1423–26). Сите пет дела ги следеле класичните модели на оратори и се одликувале со силни портретни детали. Фигурата на Херакле пак, исто така изработена во теракота, била нарачана во 1463 година да ја изработува фирентинскиот скулптор Агостино ди Дучио. Се смета дека била изработена под надзор на големиот Донатело.Seymour, 100–101. Статуата на Давид била изработена од страна на Микеланџело во периодот од 1501-1504 година. Таа скулптура не можела да се постави на потпорните столбови поради нејзината огромна тежина од околу шест тони. Во 2010 година иста таква скулптура на „Давид“, но реплика била изработена од материјалот фиберглас и поставена за само еден ден во внатрешноста на катедралата во Фиренца.

Куполата на катедралата во Фиренца По цели сто години од изградбата, а некаде до почетокот на XV век, на целокупната структура на базиликата сè уште и недостасувала куполата. Основните одлики на куполата биле дизајнирани од страна на Арнолфо ди Камбио во далечната 1296 година. Неговиот модел со намалени димензии изработен од тули, 4,6 m по висина, 9,2 m по ширина, стоел во страничниот ходник на недовршената зграда и долго време кон моделот се гледало како на свето место.King, p. 10 Според барањето на октогонална купола таа требала да биде многу повисока и поширока од која било друга до тој момент изградена. Таа не требало да има надворешни потпори, но и да биде доволно стабилна и да ја издржи сопствената тежина.