Мохамед Кудус (роден на 2 август 2000 година, во Акра) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на репрезентацијата на Гана.

Биографија Кудус е етнички Хауса и е муслиман по религија.

Технички карактеристики Тој е централен играч за врска многу брз, агилен и физички силен. Како флексибилен играч, тој може да се прилагоди за да покрива различни улоги. Има моќно лево стапало што му овозможува да биде опасен дури и од далечина. Дриблингот е еден од неговите најголеми квалитети.

Клупска кариера Норшелан Кудус ја започнал својата кариера во Рајт ту Дрим академијата од Гана, на која и се приклучил уште на 10-годишна возраст. Во јануари 2018 година, заедно со двајца соиграчи од академијата, Ибрахим Садик и Гидеон Менса, Кудус пристигнал во данскиот клуб Норшелан.U17-landsholdsspillere på vej, sn.dk, 10 December 2017

Своето деби Норшелан го направил само три дена по неговиот 18-ти роденден, во поразот со 2-0 од Брондби. Тој го започнал натпреварот од првата минута играјќи како напаѓач, но на полувремето бил заменет. Со своето деби, тој станал деветтиот најмлад играч кој дебитирал во историјата на клубот. Својот прв гол за клубот го постигнал на 4 март 2019, во ремито 3-3 на гостувањето кај Мидтјиланд.

Следната сезона станувајќи редовен стартер, Кудус постигнал 11 голови на 25 натпревари во данското првенство. Во текот на сезоната, тој бил користен на многу различни позиции, како играч од средниот ред, офазнивен играч за врска, крило и како напаѓач и речиси на секоја се снашол одлично, со што го привлекол вниманието на неколку позвучни европски клубови.

Ајакс На 16 јули 2020 година, Кудус потпишал петгодишен договор со Ајакс за 9 милиони евра. Своето официјално деби за клубот го направил на 20 септември во натпревар против РКЦ Валвајк во Ередивиси. Бргу по доаѓањето, тренерот Ерик тен Хег го нарекол Кудус играч со „неверојатен потенцијал“. Шест дена подоцна, во својот втор настап за Ајакс, Кудус му асистирал на Антони за победничкиот гол во успехот со 2-1 над Витесе. На 18 октомври 2020, Кудус го постигнал својот прв гол за Ајакс и асистирал за уште други два во победата со 5-1 над Херенфен. Три дена подоцна, го направил своето деби во Лигата на шампионите во домашниот натпревар против Ливерпул, но сепак, тоа за него завршило несреќно: тој бил заменет по само шест минути, бидејќи се здобил со повреда во менискусот на коленото која го извадила од терените за неколку месеци. На 18 април 2021, иако го поминал целиот натпревар на клупата на крајот можел да се радува со својте соиграчи на освојувањето на првиот свој трофеј во кариерата, откако Ајакс го победил Витесе со 2-1 во финалето на Купот на Холандија. На 9 мај 2021, влегувајќи од клупатан за резерви Кудус го постигнал третиот гол за Ајакс во победата со 3-0 во дербито со Фејенорд. Сезоната ја завршил со 17 настапи и 4 гола во првенството, придонесувајќи за 35-тата освоена титула на Ајакс.

На 7 септември 2022 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во победата со 4–0 над Ренџерс.

Репрезентативна кариера Дебитирал за сениорската репрезентација на Гана на 14 ноември 2019, постигнувајќи го притоа својот прв гол за црните ѕвезди во победата со 2-0 во Кејп Коуст над Јужна Африка во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021.

Во ноември 2022, Кудус бил повикан во составот на Гана од страна на селекторот Ото Адо за Светското првенство 2022. Во вториот натпревар од групната фаза, Кудус постигнал два гола во победата на Гана со 3-2 над Јужна Кореја.

Хронологија на репрезентативните настапи

Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Норшелан СЛ 26 3 КД 1 0 ЛЕ 2 0 - - 24 2 2019-2020 СЛ 25 11 КД 1 0 - - - - 26 11Вкупно Норшелан 51 14 2 0 2 0 - - 55 14 2020-2021 ЕД 17 4 КХ 1 0 ЛШ+ЛЕ 1+3 0 - - 22 4 2021-2022 ЕД 16 1 КХ 2 0 ЛШ 2 0 - - 20 1 2022-2023 ЕД 6 3 КХ 0 0 ЛШ 2 2 СХ 1 0 8 5Вкупно Ајакс 39 8 3 0 8 2 1 0 51 10Вкупно во кариерата 90 22 6 0 10 2 1 0 107 24

Титули Ајакс Ередивиси : 2 2020-2021, 2021-2022 Куп на Холандија : 1 2020-2021

Наводи

Надворешни врски

Мохамед Кудус на soccerway Мохамед Кудус на transfermarkt Мохамед Кудус на 90minut Мохамед Кудус на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Гански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Норшелан Категорија:Фудбалери на ФК Ајакс Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем Категорија:Родени во 2000 година