„Пладне“ (српски: Подне) — југословенски филм од 1968 година, во режија на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ, кој е автор и на сценариото. Филмот претставува еден вид продолжение на неговото претходно дело „Утро“, односно завршен дел на циклусот што го сочинуваат уште филмовите „Девојка“ и „Сон“, а кои на ироничен и иконокластичен начин го обработуваат доаѓањето на комунистите на власт за време на Втората светска војна и по нејзиното завршување. Исто така, тој е првиот филм чија тема е судирот меѓу Тито и Сталин. Главните улоги ги играат: Милена Дравиќ, Љубиша Самарџиќ, Љуба Тадиќ, Мија Алексиќ, Фарук Беголи и Душица Жегарац.In memoriam Младомир Пуриша Ђорђевић, Подне (пристапено на 25.11.2022)

Синопсис Во филмот се прикажува љубовта меѓу еден Рус, кој работи како службеник на советската амбасада, и една девојка од Југославија. Веднаш по нивната прва брачна ноќ, радиото ја соопштува веста за судирот меѓу комунистичките партии на Југославија и СССР. Таа вест значи крај на нивната врска со мали надежи дека ќе се сретнат повторно.

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Фарук Беголи Категорија:Филмови со Мија Алексиќ Категорија:Филмови со Душица Жегарац Категорија:Филмови со Љубиша Самарџиќ Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Филмови со Љуба Тадиќ Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1968 година