Ордан Петлевски (Прилеп, 24 август 1930 - Загреб, 22 јануари 1997), македонски сликар. Една од клучните фигури на современата македонска и хрватска ликовна уметност.

По дипломирањето на Академијата за применета уметност во Загреб во 1955 година живеел во Хрватска. Бил еден од иницијаторите за основање на Музејот на современа уметност во Скопје во 1963 година.

Контекстуалните рамки на сликарството на Петлевски се движат од фантастиката и надреализмот до енформелот и сликарството на материја, типично со биоморфни облици на монохроматска позадина. Иако средишниот дел од творештвото на Петлевски се поврзува со енформелот, како доминантен правец во апстракцијата од 60-те години на XX век, кај Петлевски секогаш станува збор за уникатен јазик и за „превладување на енформелот“.Ž. Koščević: Retrospektivna izložba Petlevski: 1930-1997, . Galerija Klovićevi dvori, Zagreb, 1999, стр.21 Негова ќерка е познатата хрватска писателка Сибила Петлевски.

Наводи

Надворешни врски R. Margaretić, Izmicanje umjetničke višeslojnosti, Matica Hrvatska, 3 јуни 1999 (пристапено на 6 ноември 2009). Профил на Ордан Петлевски на Artfacts.net

Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски сликари Категорија:Хрватски сликари Категорија:Македонци во Хрватска Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“ Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Родени во 1930 година