„Убиство со умисла“ (српски: Убиство с предумишљајем) — српски филм од 1995 година, во режија на Горчин Стојановиќ. Главните улоги ги толкуваат: Небојша Глоговац, Бранка Катиќ, Ана Софреновиќ, Сергеј Трифуновиќ, Драган Миќановиќ. РТС, Убиство с предумишљајем (пристапено на 8.12.2022)
Синопсис Во филмот се прикажани две љубовни приказни што се случуваат во воено време, оддалечени меѓусебно 50 години: приказната на Јелена Паниќ - Булика и на нејзината баба Јелена Љубосављевиќ. Булика пишува книга заснована врз дневникот на нејзината баба при што ги открива испреплетените љубовни односи меѓу баба ѝ, вообразена убавица, младиот партизански офицер Крсман и Јован, синот на нејзиниот очув. Во тоа време, во штотуку ослободениот Белград, Јелена Љубосављевиќ се обидува да се приспособи на новите околности, потпирајќи се на офицерот на ОЗНА, Крсман Јакшиќ, селанец од Копаоник, кој припаѓа на новата класа на повластени луѓе. Јован, пак, е згрозен од напливот на „примитивните“ луѓе и љубоморен на врската на Јелена со Крсман. Педесет години подоцна, во воената 1992 година, Булика го запознава младиот ранет војник од Мославина, Богдан Билогорац, кој со нетрпение чека да оздрави за да се врати на бојното поле.
Наводи
Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Филмови на Горчин Стојановиќ Категорија:Филмови со Небојша Глоговац Категорија:Филмови со Бранка Катиќ Категорија:Филмови со Ана Софреновиќ Категорија:Филмови со Сергеј Трифуновиќ Категорија:Филмови со Драган Миќановиќ