Хари Кјуел (роден на 22 септември 1978 во Сиднеј) — австралиски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Моментално работи како асистент тренер во Селтик.

Во својата долга кариера, која траела речиси 20 години, Кјуел играл за само шест екипи , , , Мелбурн Виктори, Ал-Гарафа и Мелбурн Харт. Неговот најголем успех во клупскиот фудбал со сигурност е освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година.

Како трикратен добитник на наградата Фудбалер на годината на Океанија, Кјуел, исто така, се смета за најдобриот и најталентираниот играч на австралиската репрезентација на сите времиња.Latest Football News, features and breaking Football News | SPORTAL Harry Kewell named Australia's best ever footballer at gala awards - Goal.com Наречен The Jewel (скапоцен камен), поради неговата суперфина техника, но и поради неговата кревкост, тој го имал своето деби за репрезентацијата во 1996 година и одиграл 58 натпревари постигнувајќи 17 гола. Играл за Австралија на Светското првенство 2006, Светското првенство 2010, Купот на конфедерации во 1997 година, Азискиот куп 2007 и Азискиот куп 2011, последното загубено во финалето од Јапонија.

Титули

Клупски Лидс Јунајтед ФА куп за млади : 1 1996-1997

Ливерпул УЕФА Лига на шампиони : 1 2004–2005 ФА куп : 1 2005-2006

Галатасарај Суперкуп на Турција : 1 2008

Репрезентативни Австралија Куп на Океанија : 1 2004

Поединечни Фудбалер на годината на Океанија : 1999, 2001, 2003 ПФА Млад играч на годината : 1999-2000 ПФА Тим на годината : 1999-2000 Фудбалер на годината на ФК Лидс Јунајтед : 1999-2000 Тим на турнирот на Азискиот куп : 2007

Наводи

Надворешни врски

Хари Кјуел на soccerway Хари Кјуел на transfermarkt Хари Кјуел на whoscored Хари Кјуел на worldfootball

Категорија:Австралиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Лидс Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Галатасарај Категорија:Фудбалери на ФК Ал Гарафа Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година